Таблетот што личи на парче хартија е веќе во продажба
reMarkable започна со доставување на ‘’нетаблет” – уред кој всушност претставува електронско парче хартија.
Компанијата ја истакнува едноставноста на хартиениот таблет, и е горда на фактот дека ниеден друг таблет нема толку малку функционалности.
Корисниците на reMarkable не можат да инсталираат апликации, да гледаат видеа или да сликаат. Тие можат само да читаат, пишуваат и скицираат на површина слична на хартија.
Меѓу дигиталните спецификации на reMarkable се издвојуваат следниве:
- 26 cm монохромен дисплеј на дигитална хартија со резолуција 1872 х 1404 (226 DPI) и мултифункционален допир;
- Маркер перо
- WI-FI конекција
- 8 GB Внатрешна меморија – што е еднакво на 100,000 страни – и 512 MB DDR3L RAM меморија
- Батерија која се полни (микро USB)
- 1-GHz ARM A9 процесор;
- Codex Linux оперативен систем, оптимизиран за електронска хартија;
- Поддршка за PDF и ePub формати на документи;
- reMarkable апликација за инстантна синхронизација со сите останати уреди
- Трансфер на фајлови со еден клик; и
- Опционален безбеден бекап сервис.
Димензиите на reMarkable изнесуваат 18 х 25 cm, а дебелината околку 6 mm. Тежи околу 349 грама. Нема стаклени делови и е визуелно некршлив.
Делумно е обезбеден со E Ink Carta технологија.
Погледнете го видеото во прилог и уживајте:
Слики и текст превземени од: www.technewsworld.com
Крај