Ова може да ви го спаси бракот!
23 часот е и вие сте преморени после долгиот и напорен ден. Според вашите пресметки (односно колку трае филмот или серијата која се прикажува во позадина на телевизија), цел час со сопругот кружите околу истата точка на расправа и сега само сакате да легнете да спиете. Еве што е проблемот: вашиот сопруг држи долг монолог зошто неговиот начин на местење на садовите во машината за миење е подобар. Што треба да направите? – Согласете се! Кажете дека отсега никогаш веќе нема да ги ставате садовите превртени и дека тоа е навистина подобриот начин.
Ова се нарекува “брза согласност”. И е многу едноставно и сигурно ќе ве поштеди од 45-минутна расправа околу некоја банална работа.
Сопругот сигурно ќе биде изненаден кога следниот пат ќе ви кажува дека она што тој го прави или мисли е подобро, а вие само ќе се согласите со него. Тогаш најверојатно само ќе каже: – “Што? Добро! Сакаш сега да гледаме филм?”
На овој начин кризата е спречена, бракот е сигурен!
Крај