Татко дизајнира неверојатни Дизни костими за неговите деца
Модниот дизајнер Нефи Гарсија го користи својот огромен талент за да создаде неверојатни костими за неговите деца. Креативниот дизајнер од Калифорнија, ја започна својата кариера со дизајнирање на фустани за високата мода, но откако стана татко фокусот го префрли на своите деца.
Откако испланирале семејно патување во Дизниленд, неговата 6-годишна ќерка Лили побарала од него да и направи костим што ќе може да го носи додека е таму.
За таа пригода Гарсија и направил фустан со мотив од добрата вила од Пепелашка, користејќи остатоци од ткаенина, а веќе следниот ден добил нарачка за 10 костими со што се променил правецот во неговата кариера.
За изработка на еден детален Дизни костим се потребни 4-6 часа работа.
Слики и текст превземени од: mymodernmet.com
Крај