Телевизијата прави децата да не бидат подготвени за градинка!
Една нова студија открила врска помеѓу времето поминато пред телевизија и подготвеноста на децата за математика, букви и зборови како и когнитивни и социјално-емоционални компетенции.
Сите ние сме виновни за оставање на нашите деца пред телевизорот, за да можеме да направиме вечера или да се јавиме на телефон. Понекогаш се чувствуваме лошо, затоа што е добро познато дека премногу време пред телевизија е поврзано со поголем ризик од дебелина кај децата, меѓу другите потенцијални проблеми. Но, сега новото истражување од Универзитетот во Њујорк смета дека има уште една причина за родителите да го ограничат времето кое нивните деца го поминуваат пред телевизија: колку повеќе децата гледаат телевизија, толку помалку се подготвени за градинка и училиште.
Педијатрите препорачуваат дека децата на возраст од 2 до 5 години треба да поминуваат само 1 час дневно пред телевизија. Но, ова е полесно да се каже отколку да се направи. Децата често гледаат повеќе од препорачото дневно време, а пристапот до технологијата како паметни телефони и таблети го прави речиси и невозможно ограничувањето.
Истражувањето опфатило 800 деца на предучилишна возраст. Кај децата кои гледале повеќе од 2 часа телевизија, подготвеноста за градинка била негативно засегната.
Крај