Тестенини во крем сос од спанаќ
Состојки:
500 гр ситни макарони (или тестенини по желба)
2 главици кромид
3 моркови
700 гр чистен спанаќ
500 мл павлака за готвење
1 лажичка сол
1 лажичка кари
1 лажичка црвен пипер
1/2 лажичка мелен бибер
1/2 лажичка лук во прав
по потреба масло
Подготовка:
1. Во тенџере со загреано масло се ставаат ситно сецканиот кромид и моркови и се пропржуваат кратко.
2. Потоа во тенџерето се додава спанаќот и откако ќе омекне се додаваат зачините и се промешува се заедно.
3. На крај се додава павлаката за готвење и откако состојките ќе се соединат, сосот се трга настрана.
4. Макароните се варат според упатството на паковката, се цедат и се додаваат во тенџерето со сос.
Крај