За мажи: Толкувач – правото значење на зборовите на жените
Да бидеме јасни, жените се навистина комплицирани. Дотолку што дури и сметаат дека е поедноставно да ве наведат сами да сфатите што мислат, отколку да ви кажат директно в лице. Мажите пак, се едноставно “изгубени во преводот” обидувајќи се да го сфатат “суштинското” значење на зборовите кои ги кажуваат жените.
А најлошо од сè, е фактот што жените очекуваат мажите сами да дешифрираат што сакал да каже авторот и да одговорат како што треба. Овие очекувања најчесто завршуваат со недоразбирање и кавги.
Да, тешко е да ги разбереме жените, бидејќи понекогаш и тие самите себеси не се разбираат. За да избегнеме понатамошни забуни, подготвивме листа која ќе им помогне на мажите “правилно” да ги толкуваат фразите што жените ги користат секојдневно.
“Добра сум…”
Соодветниот одговор е, “Сигурна си?” Најдобро би било да го поставите прашањето неколку пати, бидејќи таа нема да ви каже дека не е добра првиот пат кога сте ја прашале. Најверојатно ѝ е потребно рамо за плачење или прегратка. Сепак, прво мора да докажете дека навистина се грижите за тоа како таа се чувствува.
“Извини, што рече?”
Брзо, преиспитајте се што сте кажале претходно. Постои веројатност дека навистина не ве слушнала што кажавте и би сакала да повторите. Но, поголема е веројатноста дека ве слушнала гласно и јасно. Ова е само вашата шанса да го промените одговорот.
“Во ред е.”
Значи да знаете, не е во ред. Обрнете внимание на говорот на нејзиното тело и тонот на гласот. Во овој момент би било од корист да клекнете на колена и да ја фатите за раце.
“Дали во ова изгледам дебело?”
Ова значи дека таа се чувствува грдо и од вас зависи дали ќе направите да се чувствува како прекрасната личност што таа е. Немојте да зафркнете овде.
“Како било.”
Таа знае дека сте во право, но не е подготвена отворено да ви признае и да го прифати поразот. Бидете внимателни да не ѝ го вадите тоа низ нос. Нема да победите следниот пат…..
“Ооо…”
Или видела и слушнала нешто симпатично, или едноставно сте направиле нешто слатко. Брзо проверете дали има некои животинчиња или бебиња околу на видик . Ако нема, браво – сте направиле одлична работа. Само напред – продолжете во таа насока.
“Треба да разговараме.”
Има многу работи за кажување. Подгответе се да слушате и да вметнувате прави коментари во право време.
“5 минути!”
Ќе ѝ требаат најмалку 20. Можеби и 2 саати. Каков и да е исходот, бидете подготвени трпеливо де чекате. Немојте да ја брзате. (Совет: Кога конечно ќе излезе од тоалетот, само искоментирајте колку убаво изгледа. Немојте да го спомнувате времето.)
“Да.”
Понекогаш навистина значи “да”. Преостанатите пати значи “можеби” или “не”. Премногу тешко е да ја процените разликата. Кога се сомневате, прептоставете дека одговорот е навистина “да” и надевајте се на најдоброто.
“Можеби…”, “Ќе видиме…”, или “Не.”
Овие одговори секогаш ќе ги толкувате како “Не”.
“Ооо, немаше потреба ништо да ми купуваш.”
Обрнете внимание на зборот “потреба” во оваа реченица. Не, нема потреба да ѝ купувате нешто, но таа потајно го сака тоа. Овде не ја пропуштајте можноста да и покажете дека вашиот подарок не е знак на ваша должност. Покажете и дека секако сте сакале да и купите нешто.
“Прави што сакаш”
Предупредување! Ова е тест. Немојте да направите грешка и да помислите дека неа ѝ е навистина сеедно да правите што сакате. Таа ве тестира дали доволно добро ја познавате за да погодите што таа сака да прави. Зошто жените го прават ова? Немаме идеја. Но, со среќа.
Запомнете, овие толкувања можат да не важат за секоја ситуација. За жал, не постојат комплетни интерпретации кои се гарантирано точни секој пат. Најмногу зависи од жената, нејзиниот начин на комуникација и контекстот во кој се кажуваат работите. Но се надеваме дека оваа листа ќе им биде добар почеток на мажите!
Крај