Љубовта не е доволна! Секој треба да ги знае овие работи за бракот
Има некои работи кои не можете да ги знаете, ако не сте биле во брак. Оние кои немале среќа во бракот, предупредуваат дека секој треба да ги знае овие работи пред да одлучи да стапи во брак:
Ви треба многу повеќе од љубов за да го одржите бракот жив.
Љубовта не е доволна. Мора да ви се допаѓа партнерот како личност и да имате длабока почит кон него. Тој треба да ви биде најдобар пријател. Ви треба цврста подлога и место кое не е само куќа, туку дом. Ви треба животен партнер кој ќе ве бодри во тешките времиња и ќе се радува со вас во среќните моменти. Ова е темелот за успешен и добар брак.
Досадните навики што ве нервираат пред да стапите во брак, нема да исчезнат кога ќе се венчате.
Досадните навики на вашиот брачен партнер се зголемуваат експоненцијално од моментот кога ќе ја започнете врската. Тоа се мали нешта кои што прераснуваат во голем проблем со текот на времето, ако не ги прифатите од самиот почеток.
Не мора да ја поминувате секоја минута заедно.
Во ред е доколку со партнерот имате различни интереси и поминувате време одвоени еден од друг. Жртвувањето на едниот партнер, да прави сѐ што сака другиот, за кратко време ќе прерасне во огромен проблем. Здраво е двојките да имаат сопствен идентитет и да уживаат во сопствените хобија.
Ако се сомневате дека вашиот партнер е вознемирен за нешто, дознајте што е тоа по секоја цена.
Ако сте во брак со некој кој не сака да зборува за предизвиците и грижите во бракот, инсистирајте на тоа. Не мислете дека работите ќе се средат сами по себе или дека вие си замислувате нешто што не е во ред. Ако чувствувате или мислите дека нешто не е во ред, најверојатно тоа е точно. Незадоволството нема да помине само од себе, туку само ќе расте.
Вашиот партнер ќе се промени.
И вие ќе се промените, па пред да стапите во брак бидете сигурни дека сте подготвени заедно да растете и да се менувате со поддршката од другиот.
Крај