Еве зошто треба да користите масло за тело пред туширање
Зимата можеби е омилено годишно време на многу од нас, но сигурно не е на нашата кожа! Во зима кожата на целото тело (и на лицето) станува сува и чувствителна.
Иако сите ние нанесуваме лосион или масло за тело после туширање за да ја одржиме влажноста на кожата, дерматолозите препорачуваат дека ова треба да се прави пред туширање.
Можеби ова звучи лудо, но со премногу топлата вода од кожата се отстрануваат и природните масла, а со тоа и водата испарува побрзо од кожата. Со нанесување на масло за тело пред туширање, создавате бариера помеѓу вашата кожа и водата за туширање, спречувајќи го со тоа сушењето на кожата. Тоа е затоа што маслата содржат оклузивни агенси, кои ги зголемуваат нивоата на хидратација на кожата преку обезбедување на физичка бариера за да не ја загубат водата.
Крај