Со овој трик вашиот сув шампон ќе трае подолго
Без разлика дали косата ви се мрси премногу често или само ви треба екстра изглед, овој трик со сув шампон ќе ви го спаси денот ( и тоа за пократко време од времето што ви е потребно да нанесете маскара). Во прилог прочитајте едноставен трик со кој ефектот од вашиот омилен производ за коса ќе трае многу подолго.
Што ви е потребно: сув шампон, четка и фен.
Што треба да направите: Нанесете од сувиот шампон на вашата коса онака како што вообичаено го нанесувате и почекајте една минута за да почне да дејствува. Потоа користете фен за коренот на косата околу 30 секунди додека ја расчешлувате со четката.
Зошто функционира: Топлината од фенот помага Сувиот шампон да се “потпече” на коренот на косата и да даде дополнителен волумен на вашиот скалп каде што и најмногу ви е потребно. Исто така придонесува ефектот од производот да трае подолго бидејќи го дистрибуира производот подеднакво.