Трик за измолзување кој ќе им заштеди многу време на новите мајки
Секоја нова мајка знае дека измолзувањето воопшто не е лесно и одзема многу време! Досадниот дел не е самото измолзување, туку чистењето на многуте делови од пумпата откако ќе завршите. И само што ќе ги исчистите детално, време е за ново измолзување. Еве еден едноставен трик со кој ќе заштедите време и нерви.
Сѐ што ви е потребно се зип кеси.
Еве што да направите: Откако ќе завршите со измолзувањето рано наутро, наместо да ги чистите деловите од пумпата, ставете ги во зип кеса (ќе ви треба нова секој ден), добро затворете ја и ставете ја во фрижидерот каде што го чувате мајчиното млеко. Кога е време за следната сесија за измолзување, земете ги деловите и прицврстете ги на нови шишиња, а потоа повторно ставете ги во фрижидерот.
Сѐ додека деловите од пумпата ги чувате во фрижидер помеѓу секоја употреба и темелно ги миете на крајот од секој ден, млекото кое останува на нив нема да се расипе, што значи дека пумпата можете да ја употребите неколку пати без да се грижите .
Се разбира дека треба да практикувате добра хигиена, да ги миете рацете пред да ги допрете деловите, да го чувате фрижидерот чист итн.
Како и да е, со овој трик измолзувањето сигурно веќе нема да ви претставува проблем!
Извор: purewow.com
Крај