6 трикови со кои ќе ја заштитите храната од прерано расипување
Потрошете само неколку минути дневно за да ја припремите храната која секојдневно ја купувате и да ја складирате правилно. Искористете ги овие неколку трикови за да спречите нејзино пребрзо расипување.
Банани
Бананите, како и повеќето овошја созреваат така што испуштаат гас етилен, па се препорачува доколку не ги јадете во скоро време, дното да го завиткате со најлонска фолија, бидејќи дното на плодот произведува најмногу гас. Тоа ќе помогне бананите подолго да останат свежи, како и овошјето кое сте го ставиле покрај нив, бидејќи гасот кој што се ослободува влијае и на брзо распаѓање на плодовите во близина, поточно на праските, нектарините, дињите, сливите и доматите. Затоа бананите чувајте ги подалеку од останатите намирници.
Целер
Целерот спаѓа во оние намирници кои брзо од свежи и крцкави се претвораат во меки и трули, но ако потрошите неколку минути да го припремите правилно, можете да му го продолжите векот на траење. Откако ќе го измиете, разделите и исушите, целерот треба да го завиткате во алуминиумска фолија која ќе ја задржи влагата а ќе овозможи гасот да се ослободува непречено (за разлика од пластиката која ги задржува гасовите). Така зеленчукот ќе остане свеж многу подолго време, и ќе помине низ својот природен процес на распаѓање.
Салата
Влагата во фрижидерот го погодува влажниот зеленчук кој почнува брзо да се распаѓа. Затоа веднаш штом купите салата, исушете ја со кујнска хартија пред да ја ставите во фрижидер. Ова важи за повеќето зеленчуци, кои секогаш треба да бидат суви пред да ги ставите во фрижидер, и да ги чувате во посебна фиока во фрижидерот наменета за складирање зеленчук. Одржувајќи го сув, ќе спречите да не стане пребрзо мек и расипан.
Шумско овошје
Со топлите денови се ближи и сезоната на јагоди, боровинки, капини и малини на кои ретко може некој да одолее, посебно кога им е сезона и кога можат да се најдат свежи. Бидејќи брзо се расипуваат, сочувајте ги свежи така што ќе ги измиете во мешавина од оцет и вода ( 3 пати повеќе вода отколку оцет). Тоа ќе ги убие бактериите поради што мувлата нема да се појави подолго време. По ваквиот третман, исплакнете ги со вода и ставете ги во фрижидер суви.
Компир
Многумина купуваат компири во вреќа, што е супер особено кога за викенд треба да се подготви вечера за цело семејство, но понекогаш тие се расипуваат пред да ги потрошиме. Затоа на компирите треба да се обрне внимание секогаш да се чуваат на ладно и суво место, а може да ставите и јаболко измеѓу нив што би помогнало подолго време да останат свежи.
Печурки
Како и кај другиот зеленчук и кај печурките е клучен начинот на складирање. Но пластичните ќеси по кои би посегнале за да го завиткаме разновидниот зеленчук, кај печурките можат да предизвикаат создавање мувла за многу брзо време, па затоа треба да ги завитката во хартиени крпи во кои зеленчукот може да дише.
Извор: 24sata.hr
Крај