Трикови со кои вашите чевли ќе изгледаат како нови
Ако сте забележале несовршености на чевлите, не брзајте да ги поправите професионално. Можеби сè можете да коригирате поедноставно дома. Дали ова звучи премногу добро за да биде вистина?
Ние ви нудиме едноставни и економични начини да ги направите вашите чевли да изгледаат како штотуку да сте ги купиле.
1. Банана + салфетка за сјајни чевли
Истријте ги чевлите со внатрешноста од лушпа од банана, а потоа избришете ги со салфетка и тие едноставно ќе блеснат.
2. Гума за бришење за бел ѓон
Ако сакате да постигнете беспрекорна белина и чистота на ѓонот од чевлите, земете обична гума и едноставно со неа избришете ја целата нечистотија.
3. Турпија за нокти за чистење на дамки и нечистотија од антилопски чевли
Турпијата за нокти може да биде од голема помош при обидот да исчистите антилоп. Едноставно искористете ја на проблематичните места и чевлите повторно ќе бидат како нови! Внимавајте да не притиснете премногу, за да не го оштетите антилопот.
4. Поправете го патентот со свеќа
Ако вашиот патент не работи добро или е заглавен методот со свеќа може да биде многу ефикасен. Само протријте ја свеќата над патентот и тој повторно ќе работи како порано.
Извор: brightside
Крај