Намалете го стомакот со неколку трикокви
Стомакот е една од најболните точки за повеќето жени. Понекогаш се чини дека без разлика на напорните вежби или диети, никако не можеме да се ослободиме од насобраните маснотии околу стомакот.
Во прилог прочитајте ги советите и триковите за да ги уништите мастите еднаш засекогаш!
Пиење текила
Пиењето текила може да ви помогне да изгубите тежина. Кратката верзија е дека растението агава, од кое е направена текилата, содржи природни шеќери што се нарекуваат агавини. Агавините не се сварливи и делуваат како диетални влакна, што значи дека нема да го зголемат нивото на гликоза во крвта.
Всушност, конзумирачките агавини можат да помогнат во намалување на нивото на шеќер во крвта, а исто така и создавање на хормон наречен GLP-1, кој ви помага да се чувствувате сити подолго време. Да не се разбереме погрешно: не треба да пиете цело шише текила кога сте излезени за да ослабете. Меѓутоа, ако веќе сакате да уживате во коктел, оние со текила се многу подобар избор отколку останатите.
Вода во големи количини
Доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми препорачливо е да пиете две чаши вода пред секој оброк. Пиењето вода пред јадење го хидрира телото и им испраќа порака на рецепторите во мозокот дека сте заситени. Дехидрацијата исто така може да предизвика желба за храна, така што водата пред оброкот ќе ви помогне да ги регулирате тие желби.
И дебелото црево може да биде причина стомакот да биде надуен и да изгледа поголем отколку што навистина е. Едноставно со зголемување на внесот на вода, можете да поттикнете редовна столица, што секако ќе го намали и стомакот.
Легнете да спиете порано
Исхраната и вежбањето можат да направат чуда, но без потребниот сон, вашето тело ќе создава повеќе кортизол (стрес хормон). Стресот ќе се претвора во маснотии, кои ќе се лепат околу стомакот.
Вклучете јогурт во исхраната
Постојат две работи што треба да ги знаете за да разберете зошто јогуртот е клучен дел во борбата против вишокот околу стомакот. Прво, зголемувањето на внесот на калциум може да ви помогне да согорите повеќе маснотии. Второ, консумирање на храна со пробиотици (јогурт, кисела зелка, комбуха) може да помогне во репопулацијата на цревата со здрави бактерии. Кога имате здрав баланс на бактерии, ќе забележите значително намалување на стомакот.
Дополнителен бонус? Јогуртот исто така содржи протеини, кои помагаат подолго да бидете сити.
Јадете повеќе (добри) масти
Одредени видови маснотии, може да ви помогнат да го согорите насобраниот вишок на стомакот. Клучот е да се одлучите за мононезаситени масти, како што се маслиновото масло, природниот путер од кикирики и маслинките.
Мононезаситените масти ќе ве држат сити подолго. Имајте на ум дека калориите од храната богата со овие здрави масти можат брзо да се складираат (9 калории на грам масти) па клучот, исто како и со текилата е умереноста.
Зголемете го внесот на магнезиум
Магнезиумот може да биде магичен во однос на разградувањето на мастите од стомакот. Магнезиумот и витаминот Б-комплекс се енергетски хранливи материи кои ги активираат ензимите кои го контролираат варењето, апсорпцијата и искористувањето на протеините, мастите и јаглените хидрати.
Понекогаш желбата за храна е всушност желба за хранливи материи. За да избегнете прејадување, одберете храна богата со магнезиум како што се семките од тиква, зелјестиот зеленчук и авокадото.
Тешка е борбата против вишокот околу стомакот, но може да се победи! Со воведување на неколку промени во исхраната, со вежби и физичка активност ќе можете да му кажете збогум еднаш засекогаш!
Крај