Трикови кои секој родител треба да ги знае за да си го олесни животот
Да се биде родител е навистина најубавата улога на секој човек во животот. Но, понекогаш родителите се соочуваат со предизвици и тешкотии. Затоа се потрудивме да ви го олесниме животот барем малку со помош на овие трикови:
1. За да спречите лизгав под во бањата и течен сапун размачкан насекаде, ограничете им ја употребата на децата со тоа што ќе ставете ластик на течниот сапун.
2. Дали оваа кошула е од Бојан или од Марко? За да немате повеќе мака околу средувањето на облеката од вашите деца, едноставно обележете ги етикетите со маркер: ставете една точка на облеката која му припаѓа на вашето првородено дете, две точки на второто дете итн.
3. Употребете ластик за коса на вратниците од комодите низ домот, за вашето дете да биде безбедно, а и вие да не се грижите секогаш кога ќе биде во нивна близина.
4. Ако вашето дете не го сака сирупот за кашлање, не грижете се! Земете лижавче и натопете го во сирупот, вашето дете сигурно нема да одбие вакво слатко задоволство.
5. За да немате тешкотии и дилеми кога им купувате чевли на вашите деца, едноставно нацртајте ги нивните стапала и листот понесете го со себе.
6. Заштите ги рачињата од изгореници од прскалката со тоа што ќе ја протнете низ пластична чаша.
7. Плишаните играчки кои се тешки за перење, ставете ги во замрзнувач за да ги уништите бактериите и правот од нив.
Извор: thekrazycouponlady
Крај