Светнете ги плочките со ацетон, отстранете ги дамките со тоник – еве како да ја употребите козметиката во домаќинството!
Понекогаш производите за кои мислиме дека се бескорисни, всушност можат да се користат уште долго време: на пример, крем со мирис што не ви се допаѓа или пудра за лице во “погрешна” нијанса. Па, наместо да ја оставате козметиката да собира прашина, најдете и нова употреба!
Ние ви нудиме неколку начини да ги искористите козметичките производи кои не ви одговараат, но не сте ги фрлиле бидејќи сте потрошиле пари на нив.
1. Тоник
Многу тоници за лице содржат алкохол кој ефикасно ги елиминира бактериите. Тоникот може да ви помогне ако треба брзо да ги дезинфицирате рацете и да биде одлична алтернатива за дезинфекција на раце.
Можете да го користите и за чистење на вашиот мобилен телефон или тастатура. Овие предмети собираат многу нечистотии и бактерии и не треба да се мијат со вода, но производите кои содржат алкохол се одлични за оваа намена.
2. Козметички масла
Можете да го користите козметичкото масло за чистење на мијалникот изработен од не`рѓосувачки челик. Само ставете капка масло на парче ткаенина и истријте ја површината, а потоа избришете го со хартиена крпа. Маслото создава тенок слој кој ќе ја спречи појавата на дамки од вода и сапуни.
3. Безбоен лак за нокти
Безбојниот лак за нокти не само што ќе направи вашите нокти да бидат посјајни, туку може да помогне да се поправат и некои детали: за отстранување на гребнатинки од полиран мебел ставете малку лак за нокти на оштетеното место. Исто така може да ви помогне да ги зачувате вашите омилени очила. За да не ги изгубите малите завртки од рамката, можете да ги запечатите или да ги поправите со тенок слој на лак за нокти.
4. Лосион за отсранување на шминка
Покрај за отстранување на шминка, лосионот може да го употребите и за чистење на различни видови на нечистотија: за отстранување на остатоци од налепници и цени од речиси секоја површина, а исто така и за отстранување на дамки од шминка од облеката.
5. Отстранувач на лак за нокти
Отстранувачите на лак за нокти кои содржат ацетон може да се користат како разградувачи или отстранувачи на дамки. Исто така имаат ефект против маснотии.
– Ако прстите ви се залепени заедно со лепак, ставете неколку капки ацетон на кожата. Почекајте 30 секунди, а потоа измијте ги рацете со топла вода и сапун.
– За да го исчистите купатилото или кујнските плочки, во топла вода додадете малку ацетон и ќе добиете моќно средство за чистење.
– За отстранување на дамки од порцелан, избришете го со мека крпа натопена во вода со ацетон. Не заборавајте да го измиете порцеланот детално и целосно да го отстраните ацетонот.
6. Крем
Кремите содржат навлажнувачки компоненти кои ја прават кожата еластична и мека. Ако имате крем што не ви се допаѓа, можете да го користите за вашите кожни работи. Со цел да го освежите изгледот на вашите омилени чевли или торба, ставете малку крем на нив и тие ќе изгледаат како нови!
Исто така можете да ставите крем на зимските чевли пред да ги ставите во складиште за време на летото.
Извор: brightside.me
Крај