Една од најубавите локации во светот е уништена поради Инстаграм
Вајоминг е на пат кон уништување благодарение на популарната социјална мрежа – Инстаграм.
Минатата недела, туристичката организација на Вајоминг ги замолила посетителите да престанат да се означуваат на социјалните мрежи при посетата на познатото езеро Делта со цел да се заштити шумата и езерото од големиот број туристи.
Апелот од Брајан Модена, еден од раководителите на оранизацијата, предупредува дека опкружувањето е под закана од големиот број посетители кои се привлечени од преубавите фотографии кои ги гледаат на Инстаграм.
“Инстаграмерите почнаа да објавуваат слики од врвот на езерото. Тогаш започна и лудоста за ова место”.
Занимливо е дека до пред неколку години само двајца до тројца туристи дневно пешачеле до Делта езерото, а денес истото тоа го прават дури 145 посетители.
Се предлага корисниците на социјалните мрежи да престанат да го користат геотагирањето и така да ја сочуваат природата.
Извор: nezavisne.com
Крај