Вака правилно се приготвува турско кафе: Пробајте на стар начин – поубаво кафе никогаш не сте пиеле!
Има нешто посебно во турското кафе! Денес кога сѐ поретко го има во кафе баровите и во главно го пиеме дома, за да не падне во заборав, ве потсетуваме како правилно се приготвува турското кафе.
Прво и најважно, за убаво турско кафе потребна е квалитетна мешавина и затоа немојте да штедите на неа – пијте го кафето од задоволство, а не од некоја потреба.
Второ, ретко кој знае дека за турско кафе на почетокот водата не треба да проврие! Водата се загрева во ѓезве до точка пред вриење, па потоа се трга од оган.
Дел од водата се одлива во филџан, а во остатокот се додава кафе (една полна лажичка за секој филџан или повеќе ако филџаните се поголеми или доколку сакате многу јако кафе).
Измешајте да нема грутки, па вратете го ѓезвето на оган и кога кафето ќе се крене до работ на ѓезвето повторно тргнете го од оган и додадете ја водата која на почеток сте ја издвоиле. Повторно вратете го кафето на оган и оставете да проврие.
Тргнете го ѓезвето настрана, почекајте неколку секунди и додадете една лажичка ладна вода. Тогаш кафето е подготвено за служење!
Основни грешки при подготовката на турско кафе:
- Премногу мешање го убива вкусот;
- Ако го оставите кафето неколку пати да се подигне до работ на ѓезвето, тоа ќе ја уништи пената и ќе го промени вкусот на кафето;
- Ако го мешате кафето откако ќе зоврие и е веќе тргнато од оган исто така ќе се измени вкусот на вашиот омилен утрински напиток;
- Доколку кафето се засладува, најдобро е шеќерот да го додадете во ѓезвето додека водата е ладна, пред да го додадете кафето и пред истото да зоврие.
Пробајте и сами уверете се во новиот, поинаков и подобар вкус на вашето кафе!
Извор: stil.kurir.rs
Крај