Како да ја спасите омилената книга врз која несакајќи истуривте вода
Вообичаено, водата и книгите не се добра комбинација. Ако сте еден од оние типови на кои често им се случува да ја испуштат книгата додека читаат во бањата – експертите од Универзитетските Библиотеки во Сиракуза подготвија видео токму за вас. Нивната техника за спасување на водена книга вклучува хартиени крпи, вентилатор, дрвени табли и малку време. Плус, тие нудат и еден брз трик, ако немате шанса да ја поправите книгата веднаш.
Во видеото е истакнато дека магазинот “Empty Miror” нуди дополнителни совети и трикови како да спасите книги и хартија оштетени од вода, како на пример како да ги исчистите ако водата била нечиста (да се измие книгата во кофа со ладна вода или, да се постави на рамна површина и да се прска со чиста вода) и што да направите ако се јави непријатен мирис откако ќе се исуши (да се остави книгата отворена во кутија со прашок за пециво, но притоа прашокот да не ја допира книгата)
Се разбира, превентивата е најдобра пракса – затоа чувајте ги вашите томови книги на висока полица во вашата домашна библиотека, и бидете особено внимателни кога читате во вашата бања или надвор на дождот. Или тоа, или купете си водоотпорна книга. 🙂