Дали вашето бебе непрекинато плаче?
Животот со новороденче е полн со подеми и падови. Еден ден вашето дете е слатко збунето бебе, а веќе следниот ден се претвора во машина за постојано плачење. Едно нешто што може да ви помогне: запознајте се со периодот на ВИОЛЕТОВО плачење. Еве што треба да знаете.
Па за што станува збор? Периодот на ВИОЛЕТОВО плачење се однесува на нормална фаза во развојот на бебето која вообичаено се јавува во првите неколку недели и месеци од животот на новороденчето. Се манифестира со постојано плачење, оваа фаза вообичаено започнува во втората недела, кулминира во вториот месец и веќе почнува да се смирува во четвртиот месец од животот на бебето.
Зошто ова плачење се нарекува ВИЛЕТОВО? Не, не значи дека вашето бебе станува виолетово кога плаче. Станува збор за акроним кој се користи за да опише 6 карактеристики на оваа фаза. “P”-Peak, се однесува на врвот на плачењето кое кулминира во вториот месец. “U” – Unexpected, се однесува на неочекувано, бидејќи плачењето може да се јави или да престане и вие не знаете зошто (т.е. не е поврзано со нечисти пелени, хранење и слично). “R” – Resistant, се однесува на отпорно на смирување. Второто “P” – Pain се однасува на болка во смисла дека во тој момент бебето изгледа како да го боли нешто кога плаче. “L” – Long lasting, се однесува на долготрајноста на плачењето кое во просек трае до 35 минути (но може да биде и долго 2 до 3 часа). И на крај “E”- Evening, се однесува на попладнето кога најчесто започнуваат епизодите на плачење.
Како можете да му помогнете на вашето бебе кога плаче? Иако долготрајното плачење е премногу фрустрирачко, свесноста дека постои ВИОЛЕТОВО плачење, придонесува родителите да се сигурни дека тоа што го доживуваат е нормално. Зборот “период” е важен, бидејќи значи дека тоа е само привремено и дека еден ден ќе престане (обично помеѓу третиот и петтиот месец). Експертите препорачуваат дека во оваа фаза на развојот, родителите треба да го смируваат своето бебе најдобро што можат и да се обидат да не се фрустрираат.
Дали ВИОЛЕТОВОТО плачење е исто со бебешките колики? Колика е термин кој исто така се користи при опишување на бебе кое многу плаче. Но она што е различно, е фактот дека коликите вообичаено се сметаат за состојба или абнормалност која некои бебиња ја имаат, а некои не. Периодот на ВИОЛЕТОВО плачење, од друга страна, се однесува на фаза во развојот која ја имаат сите бебиња (иако кај некои може да биде поизразена повеќе отколку кај другите).
Но што ако вашето бебе плаче бидејќи нешто не е во ред? Бебето кое плаче бидејќи е болно, најверојатно ќе покаже и други симптоми (како на пример повраќање или губење тежина). Ако сте премногу загрижени, однесете го на преглед кај доктор. Потоа, штом педијатарот ви потврди дека се е во ред, ќе бидете сигурни дека тоа што се случува е нормално и дека ќе помине.
Крај