Важни животни лекции кои луѓето ги учат предоцна во животот
Животните лекции се полни со мудрост, бидејќи често се учат на потешкиот начин. Сепак, најтешкиот дел од тој процес е учењето дека не секоја можност трае вечно. Но, вие тоа го сфаќате кога е предоцна. Затоа најдобро е да ги научите овие работи што е можно порано.
Ако сакате да го “правите она што го сакате”, морате да работите три пати понапорно.
Повеќето луѓе не успеваат да го минуваат животот правејќи го тоа што го сакаат. Наместо тоа, тие го прават она што им е кажано да го направат: од родителите, средината, пријателите или врсниците. Но, ако навистина постои нешто што ве исполнува и ве прави среќни, на тоа треба да гледате како привилегија, а не како очекување. Значи, треба да почнете напорно да работите уште веднаш.
Позади гневот секогаш се крие стравот.
“Стравот е патот кон темната страна. Стравот води до гнев, гневот доведува до омраза, омразата води кон страдање”.
Секогаш кога страдаме, особено долг период, прво веруваме дека тоа е поради нешто надвор од нас – нешто што го мразиме. И ако се потрудиме таа емоција да помине, во коренот ќе забележиме дека омразата е всушност лутина на гневот и секако нешто што сме го држеле премногу долго во себе. Но, позади сето тоа секогаш стои стравот. Страв од загуба. Страв од ранливост. Страв од откажување. Но, ако можете да стигнете до точка на признавање на стравот, ќе бидете во можност да продолжите напред.
Нашите секојдневни навики ја формираат нашата идна личност.
Она што го правите денес е уште една акција кон тоа кој ќе бидете утре. Кога некое дејство се повторува во текот на една недела, почнувате да забележувате една мала, речиси и непостоечка промена. Кога тоа дејство се повторува во текот на еден месец, ќе почнете да забележувате мала разлика. Кога дејството се повторува во текот на една година или две години или пет години, повеќе нема да можете да се препознаете – веќе целосно ќе бидете изменети на тој посебен начин. Затоа не ја потценувајте моќта на секоја мала навика, стекната со текот на времето. На крајот на краиштата, вашите навики одредуваат каква личност ќе бидете.
И емоциите можат да се научат.
Кога зборуваме за учење, често мислиме само на некоја вештина: вежбате на пијано или практикувате да играте тенис. Но, вистината е дека и емоциите можат да се научат преку пракса. Можете да практикувате самосвесност и хумор, исто толку лесно колку што можете да практикувате лутина, огорченост, драма и конфликт. Каква личност сте емотивно, е одраз на работите што свесно (или несвесно) ги практикувате. Вие не сте “родени” вознемирени или лути. Вие само го практикувате тоа чувство многу повеќе отколку на пример, радоста.
Секој има своја цел во животот.
Мора да признаеме дека секој се грижи за себе. Сите ние имаме свои соништа, цели, аспирации, семејства, блиски пријатели и сите ние ги сакаме истите основни работи. Се разбира, има личности на кои можете и треба да им верувате, но најдобриот начин да успеете и да ги постигнете вашите цели е да знаете дека секој човек има своја агенда и дека не можете да ги контролирате другите. Не можете да очекувате од нив да ве стават вас пред себе за вие да ја остварите вашата цел. Секој се бори за себе најдобро што може, а тоа треба и вие да го правите.
Успехот никогаш нема да ве исполни колку самиот пат за да стигнете таму.
Една работа е да си поставите цел и да се трудите со помошта од наблиските да ја постигнете таа цел. Но, е целосно друга работа да ја жртвувате сопствената благосостојба и онаа на вашите блиски за таа цел и за нејзиното достигнување. Постигнувањето, на крајот никогаш нема вреди за емоционалниот напор што сте го вложиле за да стигнете таму. Ако не сте во можност да уживате во патувањето заедно со оние околу вас, тогаш крајната цел ќе стане безначајна.
Напорната работа и смеата не мора да бидат исклучени една од друга.
Има луѓе кои мислат дека смеењето значи дека работата не се сфаќа сериозно. Но всушност, најдобрите идеи доаѓаат кога сте опуштени и во моменти на радост. Врските помеѓу луѓето почнуваат и се градат со смеа и смеата и позитивноста додека се работи на решавање на некој проблем, значи да се биде отворен за нови можности. Животот е за забава. И ако се забавувате, не значи дека не работите ништо. Напротив, можете да се забавувате и да направите повеќе отколку што сте замислиле.
Крај