За децата е многу важно целото семејство да јаде заедно!
Семејниот ручек или вечера далеку од телевизиските екрани е многу важен за децата и може да го промени нивниот живот. Родителите кои работат и не можат да си дозволат да стигнат навреме за ручек или вечера, не треба да очајуваат. Доволно е да јадете заедно барем три пати неделно – вклучувајќи доручек и ужина. Кога станува збор за растење на здрави деца, главен приоритет треба да бидат честите семејни оброци. Еве ги придобивките од времето помина заедно како семејство:
Се намалува ризикот од употреба на дрога и лекови
Семејните оброци не само што го намалуваат ризикот од депресија кај децата, туку исто така влијаат и врз импулсот тие да посегнат по лекови, алкохол или дрога. Тоа е затоа што клучната комуникација помеѓу децата и родителите се одвива токму за време на семејните вечери. Кај тинејџерите што ретко јадат со своите родители двојно е поголема веројатноста да користат алкохол или марихуана. Магијата што се случува на семејни вечери не е храната на масата, туку комуникацијата и разговорите.
Води кон подобри академски резултати
Истражувачите откриле дека за младите деца, разговорот за време на вечерата го зголемува вокабуларот дури и повеќе отколку да им читате на глас. Младите деца можат да научат многу ретки зборови на трпезата, слушајќи ги родителите. Децата кои имаат голем речник учат да читаат порано и полесно. За децата од училишна возраст, редовните оброци се уште помоќни двигатели за постигнување на високи резултати отколку времето поминато на училиште, пишувајќи домашна работа, спортување или изведување уметност.
Ги намалува нарушувањата во исхраната
Семејните вечери нудат можност родителите да ги моделираат и да ги регулираат навиките за исхрана на своите деца. Децата што јадат вечера со своите семејства, честопати, јадат поздраво (повеќе овошје и зеленчук, помалку газирани пијалоци и пржена храна). Семејните оброци дозволуваат и дискусии за исхраната и обезбедуваат здрава храна.
Ја зголемува самодовербата
Децата кои имаат чести семејни вечери знаат повеќе за нивната семејна историја и имаат тенденција да имаат повисоко самопочитување, да комуницираат подобро со своите врсници и да покажуваат поголема издржливост соочени со тешкотии. Масата е местото каде што се раскажуваат приказните за тоа кои сме и од кого доаѓаме и тоа се пренесува од генерација на генерација.
Извор: purewow
Крај