Видео: 4 чекори за лупење без мака
Кај тврдо варените јајца обично губиме многу повеќе време за да ги излупиме отколку за да ги изедеме. Но, добрата вест е тоа што постои совршено решение за овој проблем. Се што ни треба е состојка што веројатно сите ја имаме во нашата кујна.
Чекор 1: Ставете ги неварените јајца во тенџере и додадете 1 лажица прашок за печиво.
Чекор 2: Во тенџерето ставете студена вода само колку да ги покрие јајцата.
Чекор 3: Откако водата целосно ќе зоврие, исклучете го шпоретот, покријте го тенџерето и оставете ги јајцата 10 до 12 минути.
Чекор 4: Префрлете ги јајцата во чинија со ладна вода за да го запрете процесот на варење.
Кога ќе бидете подготвени да јадете, само земете го јајце и излупете го. Лесно е, нели?
Крај