Видео игрите се добри за здравјетo!
На сите ни се добро познати здравствените продобивки од консумирањето на разновидно свежо овошје и зеленчук и од редовната физичка активност. Но, дали сте слушнале за придобивките од играње видео игри? Кога ќе се споменат видео игри, веднаш помислуваме на личност која не сака да се социјализира и го поминува целиот ден и ноќ играјќи и забавувајќи се во виртуелниот свет на игрите. Но, истражувањата покажуваат дека игрите можат да бидат многу добри за вашето здравје.
Играњето видео игри може да му даде поттик на вашиот мозок. Одредени области од мозокот, како оние кои се одговорни за просторна свест и планирање се зајакнуваат кога играте видео игри, а студиите дури покажале вистинско зголемување на сивата материја во овие области. Игрите го подобруваат менталното здравје, го зголемуваат меморискиот капацитет и ја намалуваат брзината со која постарите лица доживуваат когнитивен пад.
Еве ги сите придобивки кои видео игрите можат да ви ги донесат:
Подобрена координација на око-рака.
Верувале или не оваа кординираност може многу да се зголеми и развие, ако редовно играте видео игри. Ова се случува поради тоа што очите, рацете и мозокот се координираат и работат истовремено за да донесат брза одлука во играта.
Игрите можат да ви ја намалат болката.
Следниот пат кога ќе земете слободен ден од работа поради настинка, не обвинувајте се и не чувствувајте грижа на совест ако го поминете целиот ден играјќи видео игри. За време на играњето, се намалува анксиозноста и болката предизвикани од болести или повреди.
Можат да ги зголемат мозочните региони.
Видео игрите (особено Супер Марио) можат да ја зголемат големината на регионите на мозокот одговорни за моторни вештини, просторна ориентација, стратешко планирање и формирање на меморија.
3Д видео игрите можат да ја зголемат способноста за помнење.
Играњето покомплексни 3Д игри може да ви помогне да ја подобрите меморијата.
Затоа ако вашите деца, партнерот или пријателите сакаат да го поминуваат слободното време играјќи видео игри, не лутете се и дозволете им да го прават тоа. Можете дури и да им се придружите и заедно да ги уживате придобивките од истите.
Крај