Виното може да биде храна, лек или отров – тоа зависи од вас!
Познато е дека виното, особено црвеното е добро за здравјето. Умерената консумација на вино превенира кардиоваскуларни заболувања, го намалува нивото на вкупен холестерол, ги подобрува когнитивните способности и ги зголемува имунитетот и отпорноста на организмот од болести.
Виното содржи повеќе од 1000 состојки. Освен витамините и минералите кои помагаат за бројни функции во организмот, виното содржи и хранливи состојки, шеќер (особено декстроза), глицерол, протеини и алкохол.
Терапевтските и антисептичните својства на виното се познати уште од античките времиња. Виното е пијалок, храна и антисептик кој контролира многу процеси во нашето тело. Пријател е на оброците, бидејќи го подобрува и варењето на храната.
Алкохолот во умерени количини освен што го стимулира варењето на храната, работата на срцето, ја подобрува и циркулацијата на крвта, поради што и докторите го препорачуваат за време на оброците.
Антиоксидантите со кои виното е богато ги обновуваат оштетените крвни садови, ги штитат забите од кариес итн. Една чаша квалитетно црвено вино дневно може позитивно да влијае на вашето здравје.
Консумирањето вино значително ја намалува можноста за појава на карциноми, го зголемува ‘’добриот холестерол’’ (HDL, а истовремено го намалува ‘’лошиот холестерол’’ (LDL) и крвниот притисок.
Помага при лош проток на крв низ артериите, бидејќи ги шири крвните садови со што се подобрува протокот на крвта низ телото. Виното е одлично за анемија, која може да се спречи со консумирање вино во умерени количини.
Виното во мали количини го зголемува либидото и кога е во прашање виното како афродизијак – клучна е умереноста.
Уште една од придобивките на виното е витата линија. Типичен пример за ова се французите, кои и покрај калоричната и зачинета кујна остануваат вити и поздрави, токму поради навиките да пијат барем една чаша вино со главниот оброк.
Па, црвено или бело вино, не е важно! Се додека се пие заедно со оброк и во умерени количини. На здравје!
Извор: ваш аптекар
Крај