Виното помага за полесно изучување на нов јазик
Според научниците, најдобар начин да усовршите нов странски јазик е со виното.
Консумирањето на мала количина алкохол, со акцент на “мала” – може да ја подобри флуентноста кога станува збор за нов јазик, во споредба со тоа како звучи без алкохол.
Поконкретно, голтка или две вино е навистина корисно кога станува збор за изговорот и може да направи разлика: наместо да имате изговор како странец ќе се доближите повеќе до изговорот на родените говорители.
Да повториме: Не треба да пиете без контрола! Но, ако неколку голтки вино ви ја даваат потребната самодоверба кога станува збор за зборување на странски јазик, тогаш напијте се!
Крај