Виножито диета за слабеење и подобрување на здравјето
Сите сакаме да бидеме слаби и да имаме вито тело, но што е уште поважно да бидеме здрави. За да го постигнеме тоа не треба да следиме комплицирани режими на исхрана, само треба да се придржуваме на виножито диетата. Губење на тежината е една од многуте придобивки од овој начин на исхрана.
Ние ви даваме неколку факти за оваа диета и како таа влијае врз нашето здравје.
Овошјето и зеленчукот во различни бои всушност содржат различни видови на микронутриенти. Затоа е исклучително важно редовно да ги јадеме сите бои. Оваа диета е план за јадење кој е богат со сите хранливи бои.
Правилата се едноставни и лесни за следење. Треба да јадете 5 чаши овошје и зеленчук во 5 бои (црвена, жолта и портокалова, бела, зелена, сина и виолетова) секој ден.
Црвена храна
Опции за црвена храна се: јагоди, лубеница, црвен грејпфрут, малини, цвекло, црвени рибизли, црвен кромид, ротквица, домат итн.
Овој вид храна е богат со моќни антиоксиданти и витамин П. На пример, ресвератролот (во црвеното грозје) има антиинфламаторни особини кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и рак. Ликопен (во лубеницата, црвениот грејпфрут и доматот) помага во борбата против ракот на простата. Бетацицин, кој му ја дава на цвеклото пурпурната боја, се смета за моќен агенс за спречување на рак.
Жолта и портокалова храна
Опции за жолта и портокалова храна се: лимони, моркови, тиква, жолта пиперка, пченка, жолти јаболка, праски, кајсии, дињи, ананас, итн.
Портокаловата храна содржи многу бета каротен и витамин Ц кои се одлични за заштита на вашата кожа и мукозните мембрани. Бета каротенот, исто така, го намалува ризикот од рак, срцеви заболувања, катаракта, артритис и оштетување на крвните садови. Лутеин е друга компонента на жолтата и портокаловата храна. Го подобрува видот и здравјето на очите, ја поддржува функцијата на мозокот и може да го спречи ракот.
Бела храна
Опции за бела храна се: карфиол, кромид, дајкон, лук итн.
Белата храна содржи ксантон кој има антиоксидантни, антиинфламаторни и анти-тромботични својства. Ги спречува болестите на срцето и го зајакнува имунолошкиот систем.
Кромидот, на пример, е одличен пробиотик. Лукот содржи алицин кој го намалува шеќерот во крвта и ги спречува кардиоваскуларните напади. Кромидот и лукот имаат анти-воспалителни и антибактериски својства. Дајконот е природен диуретик, помага да се исчистат бубрезите и да се отстранат токсините од вашето тело.
Зелена храна
Опции за зелена храна се: спанаќ, краставици, зелени пиперки, магдонос, лимета, тиквички, аспарагус, марула, авокадо, киви, зелени јаболка, брокула, грашок итн.
Хлорофилот содржан во зелената храна помага да се спречи рак, да се детоксицира црниот дроб и да се одржи контролата на телесната тежина. Таа исто така ја заштитува вашата кожа поради своите антивирусни својства.
Зелената храна е богата со детоксен минерален сулфур, ги отстранува токсините од вашето тело и го спречува ракот и макуларната дегенерација. Зелената храна, исто така, содржи калиум, кој помага да се заштити срцето. Тилакоидите во спанаќот помагаат да се зголеми губењето на тежината и да се намали желбата за нездрава храна.
Сина и виолетова храна
Oпции за сина и виолетова храна се: виолетова зелка, црни рибизли, модар патлиџан, боровинки, сливи, црно грозје и сл.
Сината и виолетова храна го намалува ризикот од рак и е одлична за уринарниот тракт. Антоцијанот во овој вид на храна се бори против оштетувањето на вашите клетки, го поттикнува здравјето на срцето, го намалува холестеролот, се бори против дебелината и ја зголемува когнитивната функција.
Затоа кога пазарите, запомнете го правилото – купувајте по боја и погрижете се да имате храна во сите 5 бои.
Виножито диетата не само што го подобрува вашето здравје и ве заштитува од различни болести, туку исто така ви помага да изгубите тежина. Една од главните предности на оваа диета е тоа што не мора да следите комплицирани оброци. Само заменете поголем дел од нездравата храна како тестенини, пица, торта и брза храна со овошје и зеленчук. Подобрувањето ќе го забележите за кратко време.
Извор: brightside
Крај