Ги употребувате секој ден, но дали ја знаете нивната вистинска намена?
Зошто багетите се засечени? Зошто сладоледот се продава во корнети? Овие типови на прашања се појавиле во нашите мисли барем еднаш.
Ние го споделуваме со вас вистинското значење на работите што ги користиме секој ден.
Зошто сладоледот се продава во корнети?
Кон крајот на 19-тиот век, сладоледот се продавал во чаши за сладолед. Во најдобар случај, тие се плакнеле со вода пред да бидат искористини за друг клиент.
Сепак, едноставно решение се појавило во 1904 година. Поради екстремно топлото време, луѓето се туркале да купат сладолед, но продавачот немал доволно чаши за сите нив. Приколката со вафли од друга страна, била празна. Тогаш продавачот брзо ја претворил една од неговите вафли во форма на конус и му ја дал на продавачот на сладолед. Сите биле задоволни од резултатот, особено лекарите, бидејќи нечистите чаши биле причина за ширење на туберкулозата.
За што служи малата црна точка на мобилните телефони?
Малата црна точка која се наоѓа помеѓу блицот и камерата кај iPhone телефоните е микрофон кој ја поништува позадинската бучавата. Таа била поставена таму за филтрирање на амбиенталниот шум од саканиот звук, што е особено корисно во бучни средини. Тоа им помага на телефоните да ги отфрлат позадинските звуци и да се задржат на вашиот глас.
Зошто Converse патиките имаат две дупчиња од страните?
Дали знаевте дека овие дополнителни дупки на вашите омилени патики всушност имаат цел? Дупките овозможуваат воздухот да циркулира и да обезбеди некаква вентилација на нозете. Ова ги спречува вашите нозе да се испотат.
За што служи цилиндричниот дел на крајот од полначите?
Овој мал дел е многу корисен елемент кој им помага на лаптопите и на компјутерите да работат правилно. Ја потиснува бучавата со висока фреквенција во електронските кола. Со други зборови, го изолира вашиот лаптоп од електромагнетниот шум. Овој дел може да се искористат за отстранување на бучава од електрична мрежа во телефони, компјутери, телевизори, аудио плеери и ДВД-а.
Што значат испакнатите точки на дното на шишињата?
Овие не се знаци за лицата со оштетен вид, ако можеби мислевте на тоа. Сè е многу поедноставно. Овие испакнатини се користат за време на производствениот процес за да се кодира бројот на образецот и да се обележи неисправното пакување.
Зошто се засекуваат багетите?
Дури и пекарите не можат да најдат заедничко мислење за ова прашање. Некои од нив велат дека го сечат врвот на багетот за да не распука во рерната за време на печењето, додека други тврдат дека е направено од естетски причини. Втората верзија се чини дека е пореална, бидејќи има многу типови леб кои не се засечени за врвот.
За што служат обоените кругови на пакувањата од различните прехранбени производи?
Речиси секој производ во маркетите е обележан со обоени кругови и квадрати. Всушност, тие се блокови на печатачи кои се користат во производството на пакети и немаат никаква врска со храната внатре. Овие кругови покажуваат кои нијанси на мастило биле користени за производство на дизајнот на паковката.
Извор: brightside
Крај