Како да имате витко тело без диета
Сите имаме по некоја пријателка која секојдневно јаде сладолед и слатки и не нарачува само салата за ручек, а сепак нема супермоќи. И сите се прашуваме како успева да има витко тело без диети?
Во прилог прочитајте ги тајните на жените кои имаат витко тело без диети и украдете од нивните навики, за и вие да бидете една од нив:
1. Секој ден не е посебна прилика!
Крофни или еклери на паузите од работа, обилно јадење во ресторан, торта по повод нечиј роденден… овие настани се толку чести што за секој “сладок грев” имаме оправдување. Додека повремените слатки задоволства се оправдани, вашата исхрана како целина е таа што ја одржува вашата тежина стабилна. Затоа внимавајте и не потпаѓајте секогаш под искушение. Можете да поделите десерт со вашиот сопруг кога сте излезени, но прескокнете ги колачињата на состанокот во текот на денот. И да, можете да јадете торта за вашиот роденден, но не и за сечиј – бидејќи секој ден на некого му е роденден.
2. Зборувајте многу за време на ручекот или вечерата со пријателките
Да, вие сте на масата за да јадете, но исто така и за да разговарате со пријателките. Зборувањето може да ве успори, па природно ќе јадете помалку. Значи уживајте во пицата, лазањите или што и да сакате, но запомнете дека не сте на натпревар за брзо јадење, па уживајте малку и во друштвото и разговорот со пријателките.
3. Не губете време на диетална храна
Храната на чии етикети пишува нискокалорична, звучи добро во теорија. Проблемот е во тоа што овие производи често се премногу преработени и содржат многу јагленохидрати. Тие ќе се претворат во шеќер во вашето тело и потенцијално ќе придонесат за зголемување на телесната тежина. Покрај тоа, компаниите по отстранувањето на маснотиите, ги подобруваат овие производи со додавање на шеќер, сол и други адитиви.
4. Ниту една храна не е “лоша”
Не се исплаќа да кажете дека крофните се “лоша” храна, а брокулата е “добра”. Факт е дека ако си кажете дека не смеете да јадете одредена храна, многу е поголема веројатноста дека ќе ја јадете токму таа храна. Ако си кажете дека не смеете да јадете чоколада и иако се обидувате да не размислувате за чоколада, на крај ќе бидете опседнати со … чоколада и следно ќе се најдете како јадете се чоколадно што имате дома. Тоа ќе ве доведе да размислувате дека имате уште една диета која завршила со неуспех, што ќе направи да се чувствувате виновни и како резултат на тоа утеха да најдете во храната. Затоа зборот “лошо” тргнете го од вашиот вокабулар кога станува збор за храна.
5. Наспијте се добро
Откако ќе ги завршите сите обврски, првото нешто што ви е потребно е спиење. Но ако сакате да одржите здрава телесна тежина, истражувањата покажуваат дека спиењето е главен приоритет. Недостатокот на сон има хормонални ефекти кои доведуваат до зголемување на телесната тежина и го менуваат вашиот апетит за да преферираат висококалорична храна.
6. Не бидете премногу строги кон себе
Само што изедовте цел чизбургер па згора на тоа и целиот помфрит? Дури иако тоа не беше одраз на вашите цели за здрава исхрана, простете си и продолжете понатаму, ветувајќи дека следниот оброк што ќе го јадете ќе биде поздрав. Ниската самодоверба може да доведе до растроено јадење што предизвикува зголемување на телесната тежина. Затоа третирајте се себеси како што постапувате со вашите блиски: со охрабрување и афирмација.
7. Избегнувајте диетални пијалоци
Вештачките засладувачи се контроверзни: додека некои студии покажуваат дека тие не влијаат на телесната тежина, други истражувања покажуваат дека пијалоците без калории можат да предизвикаат зголемување на телесната тежина преку стимулирање на глад. Затоа најдобро е целосно да ги избегнувате. Плус, нарачување на диетален сок може да ве натера да мислите дека сте заштедиле на калории, па наместо салата да посегнете по нешто многу повисоко калорично.
Крај