Ако жената не сака да има дете, не треба да биде осудувана од останатите!
Не е неопходно секоја жена да го докаже нејзиниот феминизам со тоа што ќе биде мајка и ќе роди нов живот. Но, нашето нереално и непрактично општество ја етикетира секоја жена која не е во состојба да роди бебе или не е заинтересирана да биде мајка како себична и различна. Дали е задолжително жената да има деца? Дали е задолжително една жена да има деца веднаш откако ќе стапи во брак? Зошто жените не можат да имаат сопствен избор околу имањето деца?
Луѓето забораваат на правото на избор, правото дека секој одлучува како ќе живее и дали ќе има деца. Ова општество секогаш стои против стигмата на жената која нема дете, што во крајна линија значи дека таа не е достојна да се нарече жена.
Еве зошто е во ред жената да одлучи да нема дете:
Жените постигнуваат успех во секое поле
Денешните жени се одлични на секое поле и во секоја област. Без разлика дали станува збор за жена лекар, инженер или астронаут – таа го дава најдоброто од себе и постигнува успех. Моќта на жените доаѓа токму од правото на избор и правото да го живеат својот живот онака како што ќе одлучат.
Ако за мажите е во ред прво да се посветат на кариерата, зошто тогаш да не биде во ред за жените?
И жените напорно учат, се образоваат и усовршуваат и оттаму имаат право кариерата да ја постават како приоритет пред сѐ останато. Тие не мора да го жртвуваат своето образование, кариера и работа заради брак и деца.
Секој поединец е слободен да го направи својот избор
Секој има право да живее според свои услови и убедувања. Никој не смее да биде подложен на навреди и тортура заради начинот на живот кој го избрал за себе.
Секоја жена има право да избере дали и кога ќе има деца
Има жени кои избираат да имаат деца, но да немаат кариера и се задоволни да работат било што затоа што семејството за нив е најважно. Има жени кои избираат целосно да и се посветат на кариерата и постојано да напредуваат. Има и жени кои формираат семејство подоцна, откако постигнале некаков успех во кариерата и понатаму ги балансираат двете работи истовремено. Тука станува збор за сопствен избор и никој не смее да го осудува другиот за таквиот избор.
Бременоста не значи само физичка подготвеност, туку и психичка
Ако жената не е психички подготвена не треба да биде под притисок да стане мајка, бидејќи здравјето на бебето зависи 60% од менталната состојба на мајката.
Крај