5 работи кои треба да ги направите различно во втората бременост
После првото дете, сите мислат дека знаат сѐ за бременоста – додека не забременат повторно. Тогаш сфаќаат дека втората бременост целосно се разликува од првата и секако не постојат правила. Но, не паничете – трикот е овој пат да и пристапите на бременоста различно. Експертите и искусните мајки ве советуваат што треба да направите различно за време на втората бременост.
Изберете добар доктор
Обично за првата бременост повеќе внимание се посветува на изборот на количка и креветче отколку на добар доктор. Огромно значење има добрата комуникација и пристапот. Ако за време на првата бременост не бевте задоволни од вашиот доктор, сега е време подобро да истражите и да го најдете вистинскиот.
Не јадете за двајца!
Многу жени за време на првата бременост добиваат повеќе килограми од планираното. Бременоста не е изговор само да јадете и да не правите ништо друго. Но, сега како поискусни сигурно знаете дека тоа има негативно влијание. Овој пат грижете се повеќе за својот физички изглед, бидејќи тоа се одразува и на вашето здравје. Тешко е да внимавате на исхраната и да одвоите време за физичка активност додека сте зафетена мајка, но имајте на ум дека претераното покачување на тежината не ви влијае лошо само вас, туку и на вашето бебе и може многу да го отежне раѓањето.
Овој пат правете ги кегеловите вежби
Само 10 минути во денот ќе направат голема разлика. Овој пат сигурно знаете подобро и нема да имате изговор да не ги правите.
Подгответе го првото дете
Најголемата грижа за повеќето мајки е како нивното дете ќе го прифати новиот член. Направете мали промени во секојдневната рутина пред да се роди бебето. Вашиот партнер нека ја превземе грижата за бањање, испраќање во кревет и будење на постарото дете подолг период пред вашиот термин. Не правете големи промени 2-3 месеци пред раѓањето на бебето, така ќе биде потешко за сите.
Одете во болница навреме
Бидете подготвени пред да добиете болки. Организирајте кој ќе го чува вашето дете додека вие сте во болница и спакувајте ги сите потребни работи предвреме. Консултирајте се со вашиот доктор, за да не се најдете во ситуација да се породите на паркинг и да завршите на YouTube!
Крај