За успешно интервју за работа избегнувајте ги овие грешки
Што не треба да правите за време на интервјуто за работа? Во прилог прочитајте ги најчестите грешки кои кандидатите за работа ги прават во текот на интервјуто.
За жал, овие грешки ги правиме многу често, без притоа да бидеме свесни – и многу од нив се почести отколку што можеме да замислиме.
Издвоите малку време за да се подготвите и да не се најдете во непријатна ситуација за време на самото интервју.
- Носите несоодветна облека
За време на интервјуто за работа, задолжително е да изгледате професионално и уредно. Иако облеката може да се разликува во зависност од позицијата за која што аплицирате, важно е да бидете соодветно облечени без разлика за каква компанија или позиција станува збор.
2. Доцните
Добро е познато дека првиот впечаток е најважен во секоја работа. Доцнењето не само што покажува лошо организирање на време, туку и непочитување кон компанијата, позицијата па дури и оној што ве интервјуира.
3. Користите мобилен телефон за време на интервјуто
Исклучете го телефонот уште пред да стигнете на интервјуто. Пишувањето пораки за време на разговорот за работа не само што е неучтиво и дрско туку дава и многу јасна порака дека добивањето на работата не е ваш главен приоритет. Поради истата причина не одговарајте на повиците за време на интервјуто.
4. Не знаете ништо за компанијата
Не дозволувајте потенцијалниот работодавач да ве изненади со прашањето: Што знаете за оваа компанија? Тоа е едно од најлесните прашања за одговарање, ако направите само мало истражување пред интервјуто. Основни информации вклучувајќи кратка историја на компанијата, локација, визија и мисија можете да најдете во делот “За нас” на веб сајтовите на голем број на компании. Разгледајте го тој дел предвреме, потоа испечатете го и прочитајте го повторно пред самото интервјуто.
5. Давате нејасни и неточни факти од резимето
Иако сте доставиле резиме кога сте аплицирале за работното место, може да биде побарано од вас да пополните и апликација за работа. Бидете сигурни дека ги знаете сите потребни информации за пополнување на апликацијата вклучувајќи точни датуми од претходните работни места, од завршено образование и информации за контакт од работодавачот.
Разбирливо е да не можете точно да се сетите на постарите работни искуства, затоа потсетете се на сите факти пред да одите на интервју.
Може да ви помогне доколку носите копија од резимето со вас за да ви биде од помош за време на разговорот за работа.
6. Не обрнувате доволно внимание
Погрижете се да бидете одморени и подготвени за интервјуто. Неможноста да го задржите вниманието и пропуштање на некое од прашањата упатени кон вас, ви носи негативни поени. Доколку изгубите концентрација, потенцијалниот работодавач ќе се запраша како би останале фокусирани во текот на целиот работен ден, ако не можете да останете фокусирани за време на само едно интервју.
7. Зборувате премногу
Нема ништо полошо од тоа да интервјуирате некој што не престанува да зборува.
Потенцијалниот работодавач не мора да ја знае целата ваша животна приказна. Одговорите нека бидат концизни, држете се до темата и не заобиколувајте – едноставно одговорете го прашањето.
8. Зборувате лошо за претходните работодавачи
Не правете ја грешката да зборувате лошо за вашиот работодавач или колегите. Многу често светот е помал отколку што можете да замислите и не знаете кого се познава оној што ве интервјуира. Исто така не сакате да помисли дека можете да зборувате така и за неговата/нејзината компанија доколку ја напуштите под лоши услови.
За време на интервјуто за работа потрудете се да му покажете на потенцијалниот работодавач дека можете и знаете да работите добро со други луѓе и да се справите со конфликтите на зрел и ефективен начин, отколку да зборувате лошо за вашите колеги или да зборувате за некомпетентноста на другите.
Крај