Колку често треба да ги чистите забите со забен конец?
Една од главните дилеми кога е во прашање оралното здравје: Колку често треба да ги чистите забите со конец? Некои го прават тоа трипати на ден, некои кога ќе се сетат, а други само неколку пати после посета на стоматолог.
Чистењето на забите со конец, помага да ги отстраните бактериите и остатоците од храната помеѓу вашите заби и непцата. Ако ги оставите бактериите да се таложат, тие можат да го загрозат вашето орално здравје со тоа што ќе придонесат за распаѓање на забите и гингивит.
Гингивитисот е воспаление на непцата околу вашите заби, кое ќе напредува кон периодонтитис, што е воспаление на непцата во комбинација со губење на коскената маса. Кога не се лекува, периодонтитисот може да доведе до губење на забите.
По секој оброк, забите треба да се четкаат и да се чистат со конец за да бидете сигурни дека храната и бактериите нема да се задржат меѓу нив. За жал, за некои луѓе, чистењето на забите после секој оброк е невозможна мисија и во тој случај стоматолозите препорачуваат тоа да го прават барем еднаш дневно.