Подгответе им забавна ужинка на вашите деца
Погледнете неколку интересни и кративни идеи за лесни и вкусни ужинки за вашите најмили.
Изгмечете половина авокадо и размачкајте го на парче леб. Поставете парчиња краставица и црни маслинки за очи, од морков направете ги устата и стапалата и употребете зелена пиперка за нозете.
Еве што ви е потребно за овие разиграни ракчиња: неколку парчиња куглоф кои соодветно ќе ги оформите со нож, јагоди, чоколаден прелив или растопена чоколада и боровинки (или аронија).
Употребете калап за да го исечете лебот во форма на јајце. Секое парче премачкајте го со домашен намаз од зеленчук или хумус и декорирајте ги со пиперки и маслинки. На чинијата за сервирање поставете спанаќ.
Разнобојно виножито: Во мала чинија ставете овошен јогурт со вкус по желба. Врз него во полукруг поставете го вошјете и на крај додадете малку кокос на краевите за да ги направите облаците. Послужете и уживајте!
За подготовка на оваа разиграна шума ќе ви бидат потребни: крекери, пиперки од кои ќе исечете кругови и краставица.
За да ги направите рибите засечете ги сувите кајсии и тука вметнете крекер. На крај направете ја медузата. Можете да користите и друго сушено овошје и оваа ужина да ја направите поразнобојна.
Овошен појадок од кој сигурно ќе побараат уште: Во средината на чинијата поставете ја палачинката (рецепт за вкусни палачинки од 3 состојки имате тука) и декорирајте ја со парчиња мандарина или портокал, јагода и боровинки (или аронија). На крај завршете ја декорацијата со чоколаден прелив или растопена чоколада.
За подготовка на овие слатки пингвини ви се потребни: 1 банана (пресечена на 2 дела), сушени кајсии и растопена чоколада.
Парчињата леб премачкајте ги со крем сирење (или намаз по желба). Декорирајте ги со бадеми, крекери и суво грозје.
Еве ште неколку креативни идеи:
Извор: parents
Крај