7 здрави навики кои можат да му наштетат на вашето здравје
Јадење здрава храна, редовно трчање и вежбање, неколку часа дополнителен сон за време на викендот – сето ова звучи доволно здраво, но секогаш има исклучок кога се работи за здравјето. Секоја од вашите добри навики може да се сврти против вас ако не знаете што е навистина добро за вас.
1. Миење на забите после секој оброк
Ако сте јаделе нешто кисело, треба да го избегнете миењето на забите најмалку 30 минути. Храната која содржи лимонска киселина, како цитрусните овошја, го ослабуваат забниот емајл. Четкањето веднаш после јадење може да го оштети емајлот во ослабена состојба.
Но, важно е да се мијат забите најмалку двапати дневно, особено во вечерните часови.
2. Се фокусирате само на кардио вежби
Многу е важно да вежбате различни вежби, а не да се фокусирате само на кардио. Не се откажувајте од кревањето тежини, за да трчате и додадете отпорност на вежбањето за да ја зголемите мускулната маса, да ја намалите маснотијата и да ја зголемите силата.
3. Дополнителен сон за време на викендот
Според една нова студија, спиењето неколку дополнителни часови за време на викендот е всушност лошо и може да доведе до здравствени проблеми на долг рок. Така, наместо да го надополните дефицитот на сон од текот на работната недела, секоја ноќ треба да спиете 7 до 9 часа.
4. Го прескокнувате ручекот
Многу е вообичаено да го прескокнете ручекот ако се обидувате да намалите тежина или да ги намалите калориите, но таа стратегија ретко функционира. Напротив, луѓето кои имаат тенденција да прескокнуваат оброци редовно тежат повеќе од оние кои често јадат во текот на денот. Прескокнувањето на ручекот може подоцна да го зголеми вашиот апетит, предизвикувајќи да претерате или да изберете храна со слаба хранлива вредност.
5. Ја мерите вашата телесна тежина секој ден
Ако се мерите секој ден додека сте на диета, веројатно ќе се чувствувате фрустрирани ако не гледате каков било итен напредок. Освен тоа, може да започнете да ги намалувате оброците уште повеќе или да се вознемирите и целосно да се откажете од целокупната здрава исхрана. Само престанете да ја мерите тежината секој ден и наскоро ќе ги видите резултатите од вашата исхрана.
Исто така има и трик за да се чувствувате повеќе задоволни со себе и вашата храна: јадете полека. На мозокот му е потребно време за да регистрира дека стомакот е полн. Ако премногу брзо јадете, нема да се чувствувате сити додека не почувствувате дека сте претерале.
6. Избегнувате изложеност на сонце
Преголемата изложеност на сонце може да предизвика изгореници на кожата, но целосното избегнување на сонцето може да предизвика сериозни болести и исто така да доведе до недостаток на витамин Д.
7. Пиете флаширана вода
Се покажало дека примероци од различни марки флаширана вода содржеле бактерии или хемикалии во нивоа кои се сметале за небезбедни бидејќи можат да предизвикаат рак или други болести. Па затоа користете филтрирана вода или за прочистена вода од чешма.
Извор: brightside
Крај