Единствениот зеленчук кој никогаш не треба да го миете
Се сеќавате ли кога последен пат пржевте печурки и тие воопшто не станаа крцкави? Ја најдовме причината за тоа.
Претпоставуваме дека сте ги ставиле во сито или цедилка и убаво сте ги измиле под млаз вода. Оправдано, бидејќи тие најчесто се полни со нечистотија.
Еве во што е штосот: Кога станува збор за печурки, водата е непријател не сѐ што е вкусно. Тоа е така бидејќи печурките се порозни и впиваат влага како сунѓер. Па независно како ги приготвувате, тие секогаш ќе стануваат кашести и меки.
Решение? Наместо да ги миете, исчеткајте ги печурките со четка. Специјалната четка за печурки има тврди влакна кои брзо ја отстрануваат секоја нечистотија, припремајќи ги за совршени крцкави печурки или печено пилешко и рижото од печурки.
Ете, сега знаете!
Крај