Жените доживуваат поголем стрес од сопругот отколку од децата
Нема сомнение дека радостите на мајчинството се неспоредливи. Но, одгледувањето и растењето на детето не поминува без стрес – од вродените грижи кои родителите ги доживуваат до финансиски и емоционален стрес.
Но, едно истражување посочува дека сопружниците може да бидат еднаков или поголем извор на стрес за алармантно висок процент на мајки. Од истражувањето спроведено на интернет на 7000 американски мајки, студијата покажала дека просечната мајка кажала дека нивото на стрес е 8,5 од вкупно 10, а 46% од мајките сметале дека нивниот брачен партнер е поголем извор на стрес отколку нивните деца.
Испитаниците исто така нагласиле дека никогаш немаат доволно време во текот на денот за да направат сѐ. 3/4 од испитаниците сметале дека најголем дел од родителските и домашните обврски паѓаат на нивните рамениците покрај полното работно време, додека 1/5 од мајките навеле дека немаат доволно помош од нивниот брачен партнер, што е главен извор на секојдневен стрес.
Исто така, вреди да се напомене дека стресот на мајките кои се во брак бил многу помал во споредба со оној на самохраните мајки кои пријавиле највисоки нивоа на стрес во истражувањето.
Крај