Симптомот на зголемени усни во бременоста: мит или вистина?
На сите ни е познато дека за време на бременоста жените најчесто страдаат од утрински мачнини и отоци на стапалата. Но, дали сте слушнале некоја пријателка да ви каже дека добила ”силиконски усни” за време на бременоста? Дали е тоа возможно? – Одговорот е да!
Отоците се нормален дел од бременоста. Како што расте стомакот истото може да се случи и со другите делови од телото, вклучувајќи ги и усните. Зголемената циркулација на крв низ телото им помага на бремените жени да изгледаат подобро и едноставно да сјаат.
Сепак, симптомот на зголемени усни не е многу чест и може да се јави само кај неколку жени, но нема долготрајни ефекти. После раѓањето, телото полека почнува да се враќа во првобитната форма, а истото ќе им се случи и на усните.
Најважно е жените да ги прифатат сите промени кои настануваат за време на бременоста и да не се срамат од нив.
Крај