Живеење заедно пред брак – добра или лоша идеја?
Можеби е тешко да поверувате, но дебатата за тоа дали треба да живеете со вашиот партнер пред брак е сеуште актуелна и денес.
Додека некои уште на ова гледаат како на табу тема, многу парови живеат заедно пред брак, со статистички податоци кои покажуваат дека оваа навика се зголемила за неверојатни 900% во изминатите 50 години.
Додека некои студии покажуваат дека живеењето заедно пред бракот ги зголемува шансите на двојката да се разведат рано во нивниот брак, други откриле дека соживот всушност може да биде корисен на долг рок.
Но, ако размислувате да живеете со вашиот партнер пред да стапите во брак, најдобро е да ги разгледате добрите и лошите страни.
Добри страни:
Ќе ги научите навиките на другиот: Една од главните причини поради која луѓето одлучуваат да живеат заедно пред да стапат во брак, е тоа што тие можат да ги научат или да се навикнат на навиките на партнерот – добри или лоши. Добро е да ги знаете однапред навиките на партнерот со кого сакате да го поминете остатокот од животот.
Може да ја поправи или да ја расипе вашата врска: Живеењето заедно може да ви помогне да утврдите дали сте спремни за доживотна обврска со вашиот партнер. Дали тој/таа е навистина личноста со која сакате да го поминете остатокот од вашиот живот?
Ви дава идеја за тоа каков ќе биде брачниот живот: Никогаш не можете вистински да запознаете некоја личност додека не почнете да живеете заедно. Ова е одлична можност да се запознаете целосно и да добиете идеја за тоа каков би бил бракот со таа личност.
Ќе ги делите домашните обврските: Поделбата на домашните обврски им помага на двојките да се стекнат со вештини за решавање на проблемите. Исто така, ви дава идеја за очекувањата во бракот. И мажите и жените работат, но некои сепак сметаат дека е одговорност на жената да ги извршува сите домашни работи!
Заедно ќе управувате со финансиите: Не само што ќе можете да ги поделите вашите сметки и трошоците, туку и ќе можете да започнете да штедите за свадба. Или ако не планирате свадба во скоро време, можете да ги искористите дополнителните пари за одмор или патување.
Лоши страни:
Живеењето заедно не секогаш значи чекор поблиску до свадба: Многу жени гледаат на живеењето со својот партнер како на следниот логичен чекор кон свадба. Тие тоа го гледаат како знак за тоа колку нивните партнери се посветени на врската. Но, за многу двојки заедничкиот живот станува удобност и немаат потреба од официјален брак. Се чувствуваат како веќе да се во брак!
Помала е веројатноста да стапите во брак: Студиите покажуваат дека само 50% од паровите кои живеат заедно, всушност стапуваат во брак.
Имате поголеми шанси за развод: Додека живеете заедно, можете да добиете идеја за тоа каков ќе биде животот со вашиот партнер, но тоа не гарантира успех. Истражувањата покажаа дека луѓето кои живеат заедно пред брак се со поголема веројатност да се разведат од оние кои не живееле заедно.
Го пропуштате чувството на заеднички живот на нов брачен пар: Затоа што сте живееле заедно пред да стапите во брак, навистина нема да го доживеете тоа убаво чувство на почеток на зеднички живот, откако ќе стапите во брак.
Заедничкото живеење не е гаранција: Ако барате долгорочна посветеност, тогаш заедничкото живеење можеби не е најдобрата идеја. Додека во брак двојките имаат тенденција да работат понапорно на нивните проблеми, понекогаш е полесно за луѓето кои живеат заедно со партнерот да заминат при најмалите проблеми.
Како заклучок, не постојат гаранции дека заедничкото живеење пред бракот ќе обезбеди успешна врска, но истото може да се каже и за паровите кои не живеат заедно. Неодамнешните студии покажуваат дека возраста на која се венчале и возраста кога започнале да живеат заедно може да утврди дали врската ќе трае. Колку сте повозрасни и позрели толку подобри одлуки можете да донесете.
Крај