Знаци дека вашиот брак нема да успее
Можеби мислите дека планирањето на свадбата е еден собир на комични моменти како во роматичните комедии, но во реален живот работите се малку покомплицирани. Постои цела една психологија на свадбата, по која однесувањето на младенците покажува дали нивниот брак ќе успее или не.
Еве неколку алармантни знаци кои покажуваат дека бракот нема да успее:
1. Упатувате понижувачки прекари еден на друг
Ако за време на планирањето на свадбата, партнерот го повикувате со прекари или имиња кои се навредливи и понижувачки, особено во присуство на други луѓе, тоа често е знак дека бракот нема да трае ”додека смртта не ве раздели”. Дури и кога се убедувате себеси или другите околу вас дека навредите се оправдани бидејќи така се нарекувате од љубов, предвуидувањата за бракот не се позитивни. Слатките прекари можат да имаат позитивен ефект на врската или бракот, но навредите дури и кога се кажани на шала се знак дека не го почитувате партнерот.
2. Еден од вас носи одлука околу организирањето на свадбата во тајност
Понекогаш иако сте разговарале и заедно сте одлучиле и околу најмалите детали за свадбата, може да се случи едниот партнер да промени нешто без за тоа да дознае другиот. Ова е во ред доколку станува збор за изненадување (на пример: зетот сака да ја испее омилената песна од неговата сакана). Но, доколку станува збор за некоја промена за која знае дека вие никогаш не би се согласиле, ова воопшто не е добар знак. Работењето и носењето одлуки во тајност од партнерот можат да доведат до брз прекин на бракот. Тајното дејствување доведува до губење на довербата помеѓу партнерите.
3. Ниту еден од вас не сака да направи компромис
Несогласувања можат да се јават при изборот на храна, музика за првиот танц, листата на гости итн. Но, секогаш треба да се направи компромис и партнерите да се сретнат на половина пат. Кога дури и најмалиот детал може да доведе до огромна кавга, тогаш во бракот сигурно ”нема да цветаат рози”. Компромисот е најважен за одржување на стабилен брак.
4. Двајцата или едниот од вас пие премногу алкохол за време на свадбата
Сосема е во ред да испиете една чаша вино пред церемонијата, за да се опуштите. Но, доколку вие или вашиот партнер пиете неконтролирано пред или за време на свадбата, тогаш нешто не е во ред. Ова е знак дека треба да се запрашате за иднината на вашиот заеднички живот.
5. Влегувате во долг за да ја организирате свадбата
Сопружниците често влегуваат во долг за да ја организираат свадбата од нивните соништа. Ова може да биде голем проблем за новоформираното семејство. Треба точно да знаете што можете да си дозволите и да не позајмувате пари доколку не можете да ги вратите. Во спротивно, долгот ќе ви биде на рамената долг период и наместо да уживате во бракот и заедничкиот живот, постојано ќе се карате за пари и ќе се каете за залудно потрошените пари. Ваквите бракови често се распѓаат уште пред да се исплати долгот.
Крај