Знаци дека на вашето дете му треба поголема дисциплина
Ниту еден родител не сака да израсне недисциплинирано дете. Но, понекогаш правењето компромиси и непотребни награди со цел да ги олесните работите, прават вашето дете да го води шоуто и да го има главниот збор. Не сакајќи, многу лесно можете да паднете во стапицата на претерано разгалување, наместо на поставување граници.
Еве неколку алармантни знаци, на кои треба да обрнете внимание:
1. Вашето дете постојано ви кажува дека има право да бара или да прави нешто.
2. Вашето дете не сака да го чуе зборот “не”.
3. На вашето дете му недостига љубезност и емпатија.
4. Не се грижи за последиците од неговите постапки и ги повредува другите без никаква грижа на совест.
5. На вашето дете не му е гајле како вие се чувствувате.
6. Ги обвинува другите за нешто што тоа го направило.
Ако некои од овие знаци ги пронаоѓате кај вашето дете, тогаш итно треба да промените нешто во воспитувањето.
Крај