5 знаци кои укажуваат дека пиете премногу кафе
Кафето е еден од најпознатите и најконсумираните пијалаци поради неговата волшебна моќ да ви даде ергија во текот на денот. Но, внимавајте да не претерате, бидејќи можете да ги почувствувате и неговите несакани ефекти.
Ефектот на кафето врз здравјето е прилично контроверзна тема, но со сигурност можеме да кажеме дека неговите придобивки ги надминуваат негативните ефекти. Кафето има бројни здравствени придобивки, како подобрување на вашата меморија и когнитивната функција, намалување на ризикот од дијабетес и срцеви заболувања и зголемување на животниот век. Но, се разбира ова важи доколку истото се консумира во ограничени количини.
Вишокот на кофеин може да влијае на вашето тело. Тоа може да го наруши спиењето, да поттикне глад и да ги зголеми хормоните на стрес. Кафето, исто така може да ги зголеми симптомите на анксиозност, да ја забрза работата на срцето и да предизвика неможнос да се фокусирате.
Колку кафе е премногу не може да се каже генерално за секој од нас, но еве неколку начини на кои вашето тело ви кажува дека сте претерале со кофеинот:
1. Срцеви палпитации (чувство дека срцето работи различно од вообичаено)
Ако чувствувате дека вашето срце работи со зголемен ритам, дури и кога сте во мирување, тоа би можело да биде знак дека сте ја преминале препорачаната доза на кафе. Палпитациите на срцето може да бидат застрашувачки и обично се случуваат по консумирање на стимуланси. Кофеинот исто така е стимуланс, кој веднаш го зголемува крвниот притисок и го забрзува срцето, што предизвикува палпитации и неправилни срцеви отчукувања. Ако продолжите да пиете кафе дури и по појавата на палпитации, тоа може да доведе до срцеви аритмии, вртоглавица и слабост. Единствениот начин за лекување на овие срцеви палпитации е целосно да се избегне кофеинот.
2. Чести посети на тоалетот
Кофеинот е добро познат диуретик, супстанца која ја исфрла водата од телото преку урината. Значи, ако сте испиле многу кафе, многу често ќе го посетувате тоалетот. За да се избегне ова, експертите препорачуваат да земете здрава ужинка со кафето, бидејќи храната го успорува движењето на течноста до мочниот меур.
Кафето исто така има лаксативни својства и всушност може да ви помогне да имате редовна столица, но прекумерната доза може да предизвика дијареа. Кофеинските пијалаци имаат лаксативен потенцијал и нивното преголемо консумирање може да предизвика хронична дијареа.
3. Тремор
Чувството на слабост може да биде единствената причина зошто пиете кафе, но понекогаш тоа чувство може да стане премногу нагласено и да направи да се чувствувате нервозни и вознемирени. Овој симптом е еден од најчесто распространетите кај зависниците од кафе кои едноставно претерале. Без разлика дали се манифестира како тресење, треперење или немир, сите тие знаци укажуваат на истиот виновник – кофеинот.
4. Нередовен сон
Несоницата е најизразениот ефект од прекумерното внесување на кафе. Не само што го отежнува заспивањето, туку и значително го намалува бројот на часови поминати во спиење како и квалитетот на спиењето. Тоа кафе што го пиете во попладневните часови може да биде причината зошто цела ноќ останувате будни.
Кофеинот произведува стимулирачки ефект во рок од 15 минути од консумирањето, а го достигнува својот врв приближно во рок од 1 час. Шокантниот дел е тоа што тој продолжува да влијае на вашето тело неколку часа, а за целосно да се исфрли од организмот потребни се 12 до 14 часа.
Обидете се да пиете кафе колку што е можно порано во текот на денот и да го намалите бројот на чаши за подобар сон. Вашата последна чаша кафе треба да се консумира не подоцна од пладне.
5. Главоболки
Главоболките можат да се јават поради неколку причини, а една од нив е и внесот на кафе.
Дозата на кофеин и појавата на главоболка имаат чудна врска. Главоболките може да се јават и поради прекумерно консумирање на кофеин, како и поради ненадејно прекинување или намалување на неговиот внес.
Ова е причината поради која експертите препорачуваат полека да го намалувате внесот на кофеин наместо нагло да престанете да пиете кафе.
Крај