Ако ги забележите овие знаци кај детето, веднаш побарајте стручна помош!
Постојат одредени знаци во раното детство, кои можат да укажуваат дека детето ќе биде психопат во иднина. Многу психопати и сериски убијци се однесувале вака во раното детство, но никој не го забележал тоа навреме.
Постојат три знаци во однесувањето на детето кои со голема веројатност укажуваат на фактот дека тоа дете во иднина ќе биде насилно.
Насилно однесување кон животните
Насилството кон животните е еден од најочигледните знаци за психопатско пореметување кај детето. Ако откако ќе му објасните, детето разбере дека не треба мачката да ја влече за опашка или да го дави кучето со синџирот, тогаш немате причина за грижа. Но, ако детето продолжи да ги измачува животните или дури и да ги убива, веднаш треба да превземете нешто. Врската помеѓу насилството врз животните и психопатијата е толку очигледна што во САД веќе започнале да ги евидентираат случаите на насилство врз животните.
Пироманија или љубов кон палење оган
Пироманијата е друг алармантен знак, кој не треба да го занемарите. Ова е уште еден начин на кој детето го искажува својот бес и бунтовност.
Ноќно мокрење
Се разбира дека ако дете од 6 години или постаро мокри во креветот во сон, не значи 100% дека ќе биде психопат. Меѓутоа, овој проблем често ги поттикнува пироманијата или насилството врз животните. Како што детето расте, овој проблем за него е понижувачки и тоа лесно се лути и навредува. Ако родителите не превземат нешто, особено ако другарите го исмеваат за тоа, тогаш тоа би можело да биде голем проблем за детето кога ќе порасне.
Покрај овие три знаци, психолозите ги советуваат родителите да обрнат внимание и на овие знаци, бидејќи понекогаш е многу тенка линијата помеѓу нормалното и абнормалното однесување на детето.
Непочитување на правилата
Секако дека не постои дете и човек кој не прекршил некое правило. Но, децата со психопатски особини ова го доживуваат на многу поразличен начин – тие од тоа добиваат адреналин и се среќни. Има примери кога децата крадат играчки или предмети, не затоа што им се потребни туку само да гледаат како некој губи нешто што му значи и уживаат во тоа.
Лажење без каење
Ако детето лаже затоа што се плаши од последиците, тогаш разбирливо е зошто лаже. Но, ако детето лаже со премногу уверлив израз на лицето и притоа не се кае, тоа треба ги загрижи родителите.
Кога на дете кое има психоптски особини му ја откриете лагата, тоа ќе почне да се лути, па дури и ќе стане хистерично и тоа е облик на манипулација. Се разбира, можеби детето не е психопат, но ваквото однесување е добра причина да посетите психолог.
Насилно однесување
Секој насилник, не е иден манијак. Луѓето можат да станат насилни од многу причини: бидејќи сакаат внимание, моќ, сакаат да бидат како нивните насилни родители, нивните идоли итн. Но, има еден знак кој може да ви покаже дали насилното однесување е поттикнато како резултат на психопатско пореметување: тие сакаат само да ги понижуваат другите бидејќи уживаат во тоа.
Психолозите советуваат дека првата година од животот на детето е најважна во одредување на иднината на неговото психолошко здравје. Родителите имаат огромна одговорност не само за здравјето на детето туку и за начинот на кој тоа гледа на светот.
Извор: stil.kurir.rs
Крај