Зошто бурмите се носат токму на домалиот прст?
Само неколку моменти во животот се толку поврзани со традицијата како што се свадбите: од самата венчавка до прославата, од изборот на фустан до носењето на бурмата на соодветниот прст. Иако многу од вас избираат да не ја следат традицијата и да дадат свој личен печат кога е свадбата во прашање, сепак не можат да ги негираат традициите кои се тука со векови.
Историјата на бурмата
Оваа традиција постои илјадници години – всушност, околу 5.000 години. Некои од најраните асоцијации на бурми се од древниот Египет, каде што луѓето носеле прстени на љубовта.
Римјаните, исто така, ги поврзувале прстените со бракот. Во римско време, луѓето верувале дека постои вена во четвртиот прст која е поврзана директно со срцето. Тие ја нарекувале vena amoris, или “вена на љубовта”. Така, за време на свадбената церемонија, прстенот се ставал на тој прст за да ја симболизира меѓусебната љубов на двојката. Иако оваа вена всушност не постои, тоа е убава приказна!
Во некои христијански свадбени церемонии, свештеникот изговара: “Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух” и тој допира еден прст за секое име. Отецот ќе биде палецот, Синот – показалецот и Светиот Дух – средниот прст. Потоа тој го става прстенот на домалиот прст и ја завршува молитвата со “амин”.
Додека овие религиозни и историски факти дефинитивно влијаеле на тоа на кој прст се носат бурмите, вистинската причина може да биде уште поедноставна од тоа. Бурмите се изработени најчесто од мек метал и со носење на домалиот прст тие се повеќе заштитени од оштетувања. Колку често всушност го користите овој прст на двете раце?
Како и за сите други свадбени традиции, на вас останува дали оваа ќе ја следите или не и на кој прст и дали воопшто ќе ја носите бурмата.
Крај