6 научно потврдени причини: Еве зошто би требало да јадете повеќе леб!
Оставете ја зелената салата во која го виткате она што го јадете – совршено е здраво да уживате во јаглените хидрати по кои тежнеете цело време. Ќе имате повеќе енергија!
Да, лебот содржи јаглени хидрати. Меѓутоа, според зборовите на многу експерти за исхрана и диета, тие не се секогаш штетни за вас. Соодветниот вид обезбедува долготрајна енергија во текот на денот, како и бројни други предности за здравјето.
Вебсајтот WebMD ја користи следнава споредба: “Јаглените хидрати за вашето тело се исто што и горивото за автомобилот. Ако нема гориво, автомобилот нема да стигне далеку. Ако горивото е квалитетно, автомобилот ќе работи поефикасно”. Трикот е во тоа да го исфрлите рафинираниот бел леб кој предизвикува нагло скок, а потоа пад на нивото на шеќер во крвта, и да го замените со лебот од 100% пченица од цело зрно бидејќи содржи здрави јаглени хидрати кои побавно се варат и даваат чувство на ситост. Сѐ она што е добро од пченицата од цело зрно ќе ви овозможи да функционирате добро со часови после оброкот.
Еве што кажуваат научниците:
Вашето општо здравје ќе биде подобро
Без разлика дали сте млади или стари, маж или жена, внесувањето леб од цело зрно пченица има широк опсег предности по здравјето. Бројните испитувања покажале дека јаглените хидрати во житариците од цело зрно можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2, висок крвен притисок, рак на дебелото црево, мозочен удар и дебелеење. Најдобро е да внесувате барем три порции житарици од цело зрно дневно, но и само една порција на ден може да го намали ризикот од хронични болести.
Ќе живеете подолго
Истражувачите од Медицинскиот факултет на Харвард утврдиле врска помеѓу исхраната богата со житарици од цело зрно и ризикот од смрт. Испитале преку 100.000 луѓе и откриле дека житариците од цело зрно го намалуваат вкупниот ризик од смрт за 5%, а ризикот од смрт предизвикна од кардиоваскуларни болести за 9%.
Ќе бидете посреќни
Нерасположени сте? Јадете сендвич без грижа на совест. Според списанието Psychology Today, јаглените хидрати го зголемуваат нивото на невротрансмитерот сератонин кој е одговорен за добро расположение во мозокот кое пак ви го поправа вашето расположение и ја намалува желбата за нездрави грицки како што се слатките. Предноста е двојна: ќе го намалите нивото на стрес и напнатост и ќе го намалите обемот на струкот.
Ќе ослабете
Лебот од цело зрно житарици е богат со хранливи влакна, што носи бројни предности кога е во прашање слабеењето. Како прво, влакната се шират за да го исполнат желудникот, што значи дека побрзо ќе се заситите и ќе внесите помалку калории по оброк. А бидејќи се во прашање сложени јаглехидрати, пченицата од цело зрно се вари побавно, поради што сте сити уште долго време после јадење. Освен тоа, влакната спречуваат нагол скок и пад на шеќерот во крвта во текот н денот, така што нема да посегнете по чоколатце после пладне за да го внесете потребниот шеќер. Ова се знаци дека во вашата исхрана недостасуваат влакна.
Ќе го регулирате дигестивниот систем
Влакната исто така помагаат кај уште една телесна функција: празнење на цревата. Јаглените хидрати од житариците од цело зрно го чуваат вашиот дигестивен систем и овозможуваат редовно елиминирање на непотребните материи. И покрај тоа, неодамнешните испитувања објавени во списанието Nutrition Research покажуваат дека 92% од возрасните лица во САД не внесуваат доволно влакна на дневно ниво. Внесувањето житарици од цело зрно може да биде од пресудно значење за конзумирање препорачана доза од 28 гр влакна дневно, што спречува констипација.
Ќе имате поздрава кожа и коса
Кој би рекол дека вашата убавина почнува од лебот? Но, тоа е вистина: лебот од цело зрно житарици е преполн со витамин Б и протеини, што го намалува бројот на години на вашата кожа и коса.
Извор: stil.kurir.rs
Крај