Дознајте зошто не би смееле да ја јадете храната на која слетала мува
Во новото истражување кое го спровеле научниците од САД, било откриено дека инсектите пренесуваат многу повеќе бактерии отколку што се сметало порано. Значи, не е доволно само да ја избркате мувата со раката ако таа слета на вашата храна, туку таквата храна, според мислењето на научниците, воопшто не би смееле да ја конзумирате.
Научниците откриле дека обичната куќна мува на себе може да носи бактерии како што се Salmonela, E. Coli па дури и бактерии кои можат да предизвикаат чир на желудникот и сепса.
Со оглед на фактот дека мувите кои живеат во градските подрачја пренесуваат повеќе бактерии од оние кои живеат во селските подрачја, експертите препорачуваат избегнување пикници во градските паркови.
Др. Donald Bryant истакнал: “Луѓето веќе знаат дека мувите на себе пренесуваат одредени патогени бактерии, но не знаат во која мера. Веруваме дека ова истражување ќе го открие механизмот на пренесување патогени бактерии кој можеби го запоставиле здравствените работници. Сега два пати ќе размислите дали ќе ја јадете салатата од компири која долго време стоела надвор. Можеби би било подобро да одете на пикник во шума, што подалеку од урбаната околина”.
Во истражувањето се користеле методи на секвенцирање на ДНК со цел да се проучат микробите внатре и на телото на куќната мува. Куќната мува која е присутна секаде во светот, на себе имала 351 видови бактерии, а мувата Chrysomya Megacephala која може да се најде на топлите краишта, 316. Научниците ги анализирале дури и деловите на телото на мувата како што се крилата и нозете. Тие веројатно ги закачуваат бактериите преку изметот и органските материи во процесот на трулење кои им се потребни за исхрана на нивните млади.
Поголемиот дел од бактериите се наоѓа на нозете, што значи дека е доволно мувата само кратко да ја допре храната па бактериите да останат на неа. Меѓутоа, експертите веруваат дека мувите можат да бидат и корисни – можат да предупредат на ширење бактерии или можат да се испратат како дронови во потрага по микроби.
Извор: opusteno.rs
Крај