Зошто е важно да имате професионално CV?
Никогаш немојте да направите грешка и да го потцените значењето на вашето CV. Луѓето коишто не сметаат дека нивното CV е важно исто колку што се и тие самите важни, залудно губат драгоцено време.
Вашето CV треба гласно и јасно да ја истакне вашата вредност како потенцијален работник. И оваа вредност мора да се каже во само неколку секунди, бидејќи во деловниот свет, тоа е целото внимание што едно CV го добива.
Зошто е важно да имате добро CV?
1. Денес на секој му е потребно квалитетно CV
Без разлика на работата или индустријата во која се пријавувате, во процесот на аплицирање потребно е да имате CV. Дури и за пониско рангирани професии, потребно е да имате CV за да аплицирате. Единствен исклучок е доколку се пријавувате за работа во продавницата од вашиот татко.
2. Вие = (вашето) CV
Проста математика која укажува на тоа дека вие сте она што вашето CV кажува дека сте: после се тоа е вашата лична брошура за продажба. Колку и да е добра услугата или производот, ако лошо се презентира, нема да има некоја значајна вредност. Ете, толку е тоа едноставно!
Пазарот на труд ќе ве процени врз основа на вашето CV и мотивационо писмо. Овие документи се вашата патна дозвола да влезете во светот на вработувањето.
3. Вашиот прв контакт со потенцијалниот работодавач
Како што се вели “првиот впечаток е најважен”, така вашето CV е вашиот прв впечаток што го оставате кај потенцијалниот работодавач. Тоа има моќ да ви ги зголеми или уништи шансите да ве повикаат на интервју!
4. На пазарот на труд конкуренцијата е преголема
Поминаа старите добри денови кога имало работа за секој: без разлика дали завршил основно, средно или високо образование. Денес се соочувате со чудовиште наречено “пазар на трудот во 21от век”.
За да се вработите во 21-иов век, треба да ја победите конкуренцијата која се состои од барем десет (што во превод значи стотина) други високо-квалификувани кандидати желни за работа. Дали можете да си дозволите да сте чекор зад нив?
5. Заштедете си време (и главоболка)!
Бидејќи секако ќе морате да напишете CV, зошто тоа да не биде професионално и според општо прифатени стандарди?
Непрофесионалното CV нема да привлече никакво внимание, тоа може да ве фрустрира и да ја разниша вашата самодоверба. Заштедете си време, посветете доволно внимание и инвестирајте дел од вашето време да го подготвите вашето прво професионално CV и дури тогаш можете да започнете сериозно да барате работа.
6. Подгответе го вашето прво професионално CV
Бидејќи веќе знаете зошто е важно вашето CV, за да ви заштеди време ЗОНА ви овозможува бесплатно да креирате професионално CV, кое можете да го зачувате и со само еден клик да аплицирате за работната позиција за која сте заинтересирани.
Подгответе го ВЕДНАШ, бидејќи без совршено CV, вие сте ја загубиле битката уште пред да ја започнете!
Крај