Зошто февруари има 28 дена?
30 дена има во септември, април, јуни и ноември.
Сите останати месеци имаат 31 ден, освен февруари, кој го извлекол подебелиот крај бидејќи е ладен и никој не го сака…
Па, во врска со овој ефект…Некои веруваат дека февруари некогаш имал 29 дена и дека Цезар украл 1 ден од февруари за да го додаде на месецот август, кој бил именуван по него. Но, сепак ова е само мит. Поточно кажано, февруари има 28 дена, бидејќи според Римјаните, овој месец после бил додаден. Во осмиот век п.н.е, тие го користеле Календарот на Ромул, 10 месечен календар по кој годината започнува од март (со пролетната рамноденица) и завршува во декември. Јануари и февруари дури и не постоеле:
Март: 31 ден
Април 30 дена
Мај: 31 ден
Јуни: 30 дена
Јули: 31 ден
Август: 30 дена
Септември: 30 дена
Октомври: 31 ден
Ноември: 30 дена
Декември: 30 дена
Соберете ги овие бројки и ќе го видете проблемот – годината има само 304 дена. Во тоа време, зимата била безимен, безмесечен период за кој никој не се грижел многу. (Земјоделците и жетварите го користеле календарот како временски распоред. За нив, зимата била бескорисна и не вредела да се брои) Па, за 61 ден надвор од годината, ако Римјаните прашале “Кој месец е сега?”, вие правилно би одговориле ако кажете “Никој!”.
Кралот Нума Помпилиј сметал дека тоа е глупаво. Зошто имате календар, ако негирате една шестина од годината? Па во 713 год. п.н.е, тој го обликувал календарот со 12-те лунарни (месечеви) циклуси на годината – период од околу 355 дена – и ги вовел месеците јануари и февруари. Овие месеци биле додадени на крајот на календарот, така што февруари бил последен месец во годината.
Но ниеден Римски календар не би бил комлетен, ако не се вмеша и некое старомодно суеверие! Римјаните верувале дека парните броеви биле несреќни, па затоа Нума се обидел да го направи секој месец непарен. Но за да ја достигне квотата од 355 денови, еден месец требало да биде парен. февруари го извлекол подебелиот крај, веројатно бидејќи бил последен месец на листата. (Поточно, како што и Cecil Adams изјавил, “Ако мора да има некој несреќен месец, тогаш направете го што пократок”). Календарот на Нума изгледал вака:
Март: 31 ден
Април: 29 дена
Мај: 31 ден
Јуни: 29 дена
Јули: 31 ден
Август: 29 дена
Септември: 29 дена
Октомври: 31 ден
Ноември: 29 дена
Декември: 29 дена
Јануари: 29 дена
Февруари: 28 дена
Се разбира, 355-дневниот календар имал свои грешки. Откако поминале неколку години, сезоните и месеците би станале несинхронизирани. Па за да се исправат работите, Римјаните повремено би додале 27-дневен престапен месец наречен мерцедониј. Римјаните ги бришеле последните неколку дена од февруари и би го отпочнале престапниот месец на 24ти февруари – уште еден доказ дека никој никогаш не се грижел за овој месец.
Ова предизвикало главоболки насекаде. Престапниот месец бил неконзистентен, главно поради тоа што римските свештеници биле оние кои утврдувале кога тој ќе пристигне. Не само што случајно го вметнале мерцедониј, овие свештеници (кои што исто така биле и политичари) ја злоупотребувале моќта, користејќи ја да ги продолжат договорите за пријателство и за да ги скратат договорите за непријателство. Во времето на Јулиј Цезар, Римјаните немале претстава кој ден е кога.
Затоа Цезар го отстранил престапниот месец и го реформулирал календарот повторно. (За да го врати Рим на вистинскиот пат, 46тата година п.н.е. морала да има само 445 денови!) Цезар го усогласил календарот со сонцето и додал уште неколку денови, така што сѐ вкупно изнесувало 365 дена. Февруари, кој до тој момент веќе бил на почеток на календарот, ги задржал своите 28 дена. Можете да замислите дека и Цезар, како и сите други пред и по него, едвај чекал да дојде март.
Крај