Зошто не треба да ги јадете овие јаткасти плодови?
Сигурно сите вие сте убедени дека јаткастите плодови се здрава ужинка и дека слободно можете да ги консумирате кога и да посакате. Но, можете многу да погрешите со изборот на одредени видови јаткасти плодови, па затоа во прилог прочитајте кои не се добри за вас и за околината, зошто постојат и такви кои можат да ги уништат вашите најдобри намери, па дури и да направат да ви биде лошо.
Бадеми
Бадемите се едни од најпопуларните јаткасти плодови, а тоа не е изненадување. Не само што се вкусни, туку се и добри за вас. Добро ни е познато дека помагаат за регулирање на телесната тежина и спречуваат појава на дијабетес. Но, сета таа добрина доаѓа со цена и ако се грижите за екологијата, добро е веднаш да престанете да ги јадете.
Повеќе од 80 % од светските бадеми доаѓаат од Калифорнија и тоа е индустрија од повеќе милијарди долари. Но, Калифорнија исто така има немилосрдни проблеми со сушата. Сигурно сте слушнале страшни приказни за недостиг на вода и пожари – а сега помислете дека на секој бадем што го јадете му се потребни 1,1 литри вода за да порасне. Растечката индустрија на бадеми има негативен ефект и на популациите од лосос кои се соочуваат со ниски нивоа на вода. Цената на бадемите е навистина превисока, а на вас останува да одлучите дали вреди да продолжите да ги консумирате.
Индиски ореви
Индиските ореви се исто така многу популарни и се богати со влакна, протеини и сите стандардни добри работи што доаѓаат со јаткастите плодови. Но, овие плодови доаѓаат со висока цена, а таа ја плаќаат луѓето што ги собираат.
Поголемиот дел доаѓаат од Индија и Виетнам и нивното собирање воопшто не е лесен процес. Индиските ореви имаат неколку тешки слоеви кои треба да се отфрлат, а тие слоеви се токсични. Многу од работниците претрпеле трајно оштетување од токсичната течност што ја ослободуваат школките. Списанието “Тајм” објавило дека плодовите кои доаѓаат од Виетнам често се производ на принудните работни кампови во кои се наоѓаат луѓе зависни од дрога. Без разлика колку многу го сакате вкусот на овие ореви, прашањето е дали вреди?
Макадамија ореви
Макадамија оревите се вкусни, но тие не се толку здрави колку што се мисли. Тоа е затоа што еден филџан со макадамиски ореви содржи речиси 1.000 калории, што неверојатно лесно и брзо ќе ги внесете и без да бидете свесни за тоа. Во истата количина исто така, има 102 грама масти, што е повеќе од препорачаниот дневен внес.
Кикирики
Кикириките се вообичаена ужина, но има неколку работи за кои треба да ги знаете. Со кикириките ќе внесете вредни витамини и хранливи материи, но исто така и голем дел од дневниот внес на калории. Ако седите на каучот и јадете кикирики додека гледате телевизија, тоа сигурно ќе ви биде на штета – само половина чаша кикирики е една петтина од вашите дневни калории!
Кикириките се исто така поврзани со нешто што се нарекува афлатоксини. Афлатоксините се габи, а целата култура може да се контаминира во секое време, од полето до складирањето па дури и по обработката. Бидејќи тие се поврзани со зголемување на ризикот од рак на црниот дроб, од витално значење е да бидете сигурни дека не јадете кикирики кои изгледаат мувлосани или без боја. Купувањето кикирики само од големи, добро познати комерцијални компании ќе го намали ризикот, но сепак треба да бидете особено претпазливи ако веќе не можете да се откажете од нив.
Семки од кајсии
Семките од кајсии можат да бидат смртоносни. Иако тие му давааат убав вкус на марципанот, јадењето на сурови семки од кајсија е опасно. Тие се богати со еден вид цијанид и кога се правилно подготвени, се безбедни за јадење и се користат како зачини или ароми.
Само четири (или пет) семки од кајсија, можат да ви предизвикаат вртоглавици и гадење, а со поголема количина можете да завршите во болница. Не ризикувајте и не играјте си со овие семки!
Крај