Зошто облеката избледува и се кине при перење во машина
Веројатно не сте ни први ни последни од оние на кои црвените чорапи им се подметнале во белата облека, поради што вашиот драг партнер со месеци носел розови кошули на работа. Исто така, не сте единствени доколку ви се случило од машината да извлечете облека која одеднаш е потполно оштетена. Сите оние ситни извлечени нитни на џемперите или дупки на маичките настануваат во барабанот и тоа поради следниве грешки кои ги правиме во текот на перењето:
Ја преполнувате машината за перење
Секој пат кога ставате премногу алишта во машината, не само што вашата облека ќе биде како џвакана, туку и ризикувате и да се оштети а притоа нема убаво да биде испрана.
Фармерки и нежни материјали
Доколку сакате да ги зачувате убавите парчиња облека од нежни материјали, наш совет е да не ги перете во машина, особено не со фармерки, пантолони или сукњи со патент. Доколку не сакате да перете на рака, тогаш барем закопчајте ги сите патенти пред да ја ставите облеката во машината.
Течниот детергент за перење постои со причина
Во ред, некои луѓе не сакаат да купуваат течен детергент поради заштеда на пари, па затоа го користат оној во прав за сите работи, но тоа може значително да ја оштети нивната облека. Всушност, познато е дека таквиот прашок е многу јак и дека ги избледува боите на алиштата. Доколку не можете или не сакате да купувате течен детергент наменет за перење на шарена облека или посебни материјали, тогаш барем немојте да ја полнете фиоката за прашок до врвот.
Главни причини за појава на дупки и флеки на облеката се:
- Преклопување
- Лош квалитет на облеката
- Неправилна употреба на детергентите
- Пренос на други предмети во перењето
Со преоптоварувањето на машината со алишта, ризикувате голема штета на облеката, како и на самата машина. Преклопувањето ги оптоварува лежиштата, барабанот и моторот кои се најскапи делови за замена.
Многу често можете да забележите траги од ремените врз облеката. Најчеста причина за тоа е фактот што облеката не пронаоѓа место во областа на барабанот пред да започне центрифугата. Облеката се заробува на вратата од машината при удари од преку 1000 вртежи во минута. Поради тоа поголемиот дел од вратите се обликувани со наслон кон барабанот кој ја турка облеката во безбедната зона. Решението е едноставно – правилно вчитување на програмата.
Избор на програма за перење
Дупките на облеката со лош квалитет се чести, посебно кај маичките, блузите, кошулите и другите лесни материјали.
Многу често на етикетите на облеката е прикажан погрешен циклус за перење, така што квалитетот на облеката не се поклопува со циклусот на перење што предизвикува кинење на алиштата. Најчести произведувачи на наводно брендирана гардероба се од Кина, Азија, Латинска Америка…и проблемот не е до машината туку до лошиот квалитет на облеката.
Погрешниот избор на програма за перење доведува до кинење и појава на дупки на облеката. Често пати на етикетите не знаете која ознака што значи, а уште почесто се случува луѓето да користат две до три програми за перење. Со правилниот избор на програми ќе ја сочувате облеката и ќе заштедите електрична енергија.
Погрешна употреба на детергенти
На прв поглед изгледа дека детергентите не предизвикуваат кинење на облеката или појава на дупки. Меѓутоа, употребата на детергенти со лош квалитет, во текот на подолг временски период, ќе почне да ја оштетува и истенчува облеката, а со самото тоа ќе доведе до кинење на истата. Секое механичко перење на влакната како што се волната и свилата не смее да се прави со детергент кој има лош квалитет.
Ако сте успеале еднаш, не мора да значи дека квалитетот на облеката ќе се сочува при секое наредно перење. Детергентите со лош квалитет подолго време ја перат облеката со мешани влакна и природни како што е памукот, но со тек на време ќе го уништат нивниот квалитет и ќе доведат до кинење.
Пренос на други предмети во перењето
Ова е најпопуларна причина за кинење на облеката и појава на дупки. На поголемиот дел од нас ни е познато дека облеката треба да се преврти наопаку пред да се стави во машината за перење. Од разни причини тоа не се практикува, па ситните предмети доведуваат до уништување на облеката. Со превртувањето на облеката ги исфрламе ситните предмети. Задолжително проверувајте ги џебовите пред перењето на облеката. Облеката со повеќе копчиња и патенти треба да се центрифугира на помалку вртежи. Доколку дојде до цепење на облеката, задолжително проверете го филтерот на машината. Ситните предмети од облеката се собираат во филтерот на машината. Во поголема мера е вистина дека машините не можат да ја оштетат вашата облека. Во поголемиот број случаи со оштетување на облеката, главни причинители се горенаведените кои би требало да ги елиминирате пред употреба. Овие работи, машината не може сама да ги одреди, па со самиот избор на видот на облеката, програмот кој ќе го изберете, детергентот кој го користите може да предизвикаат проблеми.
И за крај, најлесниот тест кој и сами можете да го пробате.
Земете стара крпа или некое парче облека кое нема да ви е потребно за понатамошна употреба во случај да се оштети. Завртете го парчето облека во внатрешноста на барабанот во правец на стрелките на часовникот, во спротивен правец и напред назад. Со овие потези ќе проверите дали постојат физички промени во внатрешноста на барабанот кои исто така можат да влијаат врз кинењето на облеката.
Извор: opusteno.rs
Крај