Еве зошто треба да јадете козјо месо
Заборавете го говедското, јагнешкото и пилешкото месо – козјото е новиот фаворит. Не само што козјото месо е вкусно, туку исто така е многу здраво.
Еве неколку од неговите здравствени придобивки:
• Козјото месо има помалку заситени масти, калории и холестерол од говедското, свинското, јагнешкото и пилешкото.
• Богато е со железо.
• Козјото месо е одлично за губење на тежината бидејќи содржи витамин Б, кој помага во согорувањето на маснотиите.
• Исто така е познато дека ја спречува анемијата кај бремените жени.
• Козјото месо е богато со калиум кој помага да се намали ризикот од мозочен удар, висок крвен притисок, срцеви и бубрежни заболувања.
• Содржината на B12 помага да се намали стресот и депресијата.
• Козјо месо е богато со омега 3 и калциум, што го прави добро за зајакнување на коските.
Сите овие придобивки го прават козјото месо добар избор за секој што сака здраво црвено месо.
Ова месо е лесно за подготовка, сочно и со неутрален вкус и е омилена состојка на многу познати готвачи.
Совет: козјото месо најдобро е да се готви бавно и на тивок оган. Потребно е подолго време да се подготви, бидејќи тоа е посно месо со малку маснотии. Готвењето на висока температура може да го исуши и да влијае на вкусот и мекоста.
Крај